ЖЕСТОКА ЗАКАНА ОД РУСКОВСКА ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА КРИВИЧНИОТ СОВЕТ НА АПЕЛАЦИЈА : АКО ЈА ПУШТИТЕ КАТИЦА ОД ГАЌИ ЌЕ ВЕ ТРЕСАМ СО ИСТРАГА, ПОРАДИ ТАКВИ КАКО ВАС НЕ МОЖЕМЕ ДА ЈА ВНЕСЕМЕ ДРЖАВАТА ВО ЕУ!

0
663

Од Апелациониот суд, стигна соопштение во кое потврдуваа дека имало СМС порака од Рускоска до еден од членовите на Кривичниот совет на Апелација, кој учествувал во жалбената постапка по повод жалбите на Катица Јанева.

„Ве известуваме дека на 19.11.2019 година во вечерните часови, од страна на јавниот обвинител за организиран криминал и корупција Скопје, Вилма Рускоска, е испратена СМС порака до еден од членовите на Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје кој учествувал во жалбена постапка по повод изјавените жалби на обвинетата Катица Јанева, лично и преку нејзиниот бранител против првостепеното решение за продолжување на мерката притвор, која порака е со следната содржина:

„Ако ти со советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Заради судии како Вас, никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам. Ама ако сте вие, ќе видите.“