Жерновски: Сите заедно да кажеме НЕ и да ставиме крај на урбаната мафија и режимот

0
369

andrej-zernovski8maj-640x320

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, на својот ФБ профил ги повика жителите на Дебар Маало, но и на цел Центар, сите заедно да кажат НЕ на урбаната мафија.

Еве што напиша Жерновски:

andrejstatus1

Јас не сакам да живеам во сивило од бетон, туку во зеленило. За жал, живееме во држава во која законите преку ноќ се менуваат во корист на новата самопрогласена политичка и бизнис “елита”.

Вчера бев горд што се наоѓам меѓу граѓани кои се свесни за опасност која го демне нашето Дебар Маало и нашиот Центар. Среќен сум што ја имам таа привилегија да бидам дел од политиката во овие тешки времиња, бидејќи сум цврсто решен да застанам во одбрана на она што е навистина важно – нашите интереси како граѓани.

Неопходно е сите заеднички да застанеме и да кажеме НЕ на урбаната мафија, НЕ на корупцијата и НЕ на власт која заборавила дека е избрана да им служи на граѓаните. Јас повеќепати докажав дека нема да подлегнам под бројните притисоци со кои се соочувам во последните две години.

Но, сега не е време за двоумење, туку време за единство. Граѓаните на Центар во мене имаат сојузник а сите заедно имаме заеднички непријател.

Политичка волја постои, и ќе постои се додека сум јас тука. Но тоа е само почеток и не е доволно. Ги повикувам сите граѓани на Општина Центар и пошироко, невладини организации и движења, да одговорат на мојата политичка иницијатива со граѓанска акција, и сите заедно да ставиме крај на урбаната мафија и режимот кој ја поддржува.