Жерновски: Сакам да одговорам на нападите на Сител и Курир за проектот со кој ќе се врати во живот киното „Култура”

0
542

Сакам да одговорам на нападите на “Сител” и “Курир”, кои се однесуваат на проектот со кој ќе се врати во живот киното “Култура”.

zernovski

Воопшто не ми е чудно што зборуваат за “разработена мрежа”, за “огромни финансиски надокнади за партиски послушници” и “редовно финансирање на критичари на власта”.

Тие, меѓу кои се и гореспоменатите медиуми, токму така одработуваат. Ним им се познати мрежи, огромни суми потплатување и поткупување, се разбира за ниски цели.

Нашата цел е сосема поинаква и многу повисока. Општина Центар влезе во овој проект со возвишена и хумана цел, со која на градот ќе му се врати еден култен простор како што е киното “Култура”, несомнено еден од најзначајните белези на урбаниот живот на Скопје. Повисоката цел е на граѓаните да им го вратиме неправедно одземеното, она што со години се гази и сквераниви, само затоа што е белег на едно време кое оваа власт сака да го избрише од нашата меморијата и, истовремено, да им оневозможи на идните генерации да продолжат со пишувањето на културната историја. Ова не се пари (кои патем не се толку, ниту пак Унко и Ацо “ги инкасирале”) за да се исплати нечија послушност, туку да се реализира проект кој ќе ја врати публиката на вистинското место. Ние сакаме да ги поправиме кулисите, да ги оспособиме даските кои живот значат за многу идни актери.

Ја поседуваме тажната слика од киното пред да почнеме со негово реновирање.

Сакам да ја заборавам сликата на изгазени урамени плакати од некогашните претстави кои сите ги обожававме, заедно со киното кое беше составен дел од скопскиот градски живот.

Сакам да гледам само пред себе: нова светла сала со убави кадифени седишта во кои ќе седнеме сите ние и ќе уживаме што сме му го вратиле на светот и на себе самите. Не можам да го вратам минатото, но нема да дозволам да не биде таму каде што некогаш била. Нашиот одговор ќе биде полната сала, а тоа е и одговорот на режисерите за кои се кажуваат погрдни зборови. На сите глумци, пејачи, музичари и уметници, кои ќе ја облагородат урнисаната сцена.

Ние ќе ги вратиме луѓето во кино “Култура”.

11960098_1072853566078246_9156346092261002450_n-540x359 11219715_1072853586078244_6938651167374396743_n-540x359 11960021_1072853606078242_3923062433621610118_n-540x359 11150588_1072853672744902_8815414995492856692_n-540x359 11988646_1072853879411548_1636040581045655391_n-540x359 12003168_1072854296078173_3720274525843166966_n-540x359