Средба со градоначалникот на Јаши, Mihai Chirica, на која заеднички инсистиравме на единството на балканскиот простор и на зачувување на вредностите и традициите на Балканот.
Јаши бил главен град на Кнежеството Молдавија од 1564 до 1859 година, потоа на Обединетите кнежевства од 1859 до 1862 година и главен град на Романија од 1916 до 1918 година. Официјално прогласен за историски главен град на Романија, тој е дом на најстариот романски универзитет и на првото инженерско училиште. Воедно, Јаши е еден од најважните образовни и истражувачки центри во земјата, сместувајќи над 60.000 студенти. Тука се наоѓе на најголемата историска православна црква во Романија, каде во 1889 г. беа донесени моштите на Света Петка.
Остварена е средба и со претседателот на Советот на Округот Јаши, Costel Alexe, најнаселениот округ во Романија, по Букурешт. На средбата беше нагласено дека целосно се препознаени напорите на Република Северна Македонија во однос на суштинската соработка во надворешнополитички прашања и нејзиното целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, како и фактот дека Романија секогаш го поддржувала патот на нашата интеграцијата во ЕУ и НАТО.
Денешните дискусии се фокусираа на аспектите на економската соработка, бидејќи веќе постои поволна инвестициска клима за двете држави.
Беше посетен и Техничкиот универзитет “Gheorghe Asachi”, каде бевме пречекани од ректорот на универзитетот, проф.Dan Cașcaval, при што беа поставени основите за соработка помеѓу Политехничкиот универзитет во Јаши и техничките универзитети во нашата држава.
За време на разговорите со раководството на Универзитетот, договоривме интензивирање на студентската размена во областа на инженерството. Најамбициозен проект би било отворањето, во рамките на Политехниката, на лекторат по македонски јазик во техничката област.
Воедно, посетен е и Универзитетот „Alexandru Ioan Cuza”, односно Факултетот за економија и бизнис администрација, каде не’ дочека деканот, професор Teodora Roman.
Во 2008 година, трета година по ред, овој универзитет се најде на прво место во националното рангирање за истражување, составено врз основа на Шангајските критериуми.
На крајот на официјалната програма, ја посетивме Митрополитската катедрала, каде се поклонивме пред моштите на Света Петка.
🇲🇰🤝