Sunday, March 23, 2025
9.8 C
Skopje

ЖЕРНОВСКИ МУ ИСПРАТИ ИНСПЕКЦИЈА НА ПАСТИРОТ ВО НОВОТО СЕДИШТЕ НА ТРЕТИОТ РАЈХ КОЕ ЧИНИ МИЛИОНИ ЕВРА – Општина Центар : Балконот на зградата на ВМРО-ДПМНЕ е дивоградба

Терасата од новата зграда на ВМРО-ДПМНЕ не е внесена во урбаната опрема, а сепак е изградена и пуштена во употреба, констатира денеска  Секторот за инспекциски работи на општина Центар.

 10-642-
Раководителот на секторот Кочо Стојчески, по извршениот редовен инспекциски надзор изјави дека иако деловниот простор на градбата на инвеститорот „Бетон“ од Скопје е веќе пуштен во употреба, за балконот на истиот објект е дадено противправно одобрение од Град Скопје.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак тврдат дека постапката за изградба на обејктот е целосно транспарентна. Во соопштението до медиумите тие наведуваат.
„Сите постапки, процедури, барања и известувања од страна на инвеститорот до општината се доставувани навремено и уредно, со цел да се запазат сите постапки. Сите аспекти кои се поврзани со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се водени согласно законите на нашата држава и за тоа постојат документи. Врз основа на закон за настрешницата град Скопје има издадено решение и за тоа, по претходно прашање на општина Центар, Град Скопје има доставено соодветен одговор до нив со целосна фактографија.“
Во рамките на редовните активности општинскиот инспекторатот изврши надзор уште на еден од вкупно 78 те објкети што во моментот се градат во општина Центар. Станува збор за зграда чиј инвеститор е Брилијант Штип, лоцирана спроти Клубот на пратеници, каде биле констатирани отстапувања од проектот, поради кои ќе биде отпочната постапка за прекин на градба, додека да се усогласи документацијата за објектот.
извор: 24вести

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЗНАТИОТ БУГАРСКИ АКТЕР, ФИЛИП БУКОВ ДОНИРАШЕ КРВ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ОД КОЧАНИ

Познатиот бугарски актер Филип Буков демонстрираше исклучителна хуманост со...

МИРЕН СОБИР ВО ШТИП: ,,ВИЕ ГО ЗАПАЛИВТЕ ПЛАМЕНОТ, СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА ОГАН”

На мирен собир во Штип вечерва граѓаните им оддаваат...

НИКОЛОСКИ: ОДЗЕДОВМЕ 427 ЛИЦЕНЦИ

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски информираше дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ