Тој тврди дека процесот на негово повикување на консултации бил политички мотивиран и спроведен спротивно на законските рокови. Тој тврди дека Министерството за надворешни работи (МНР) никогаш не демантирало лажни информации пласирани во медиумите и дека тие биле користени како основа за негово повикување.
Жерновски додаде дека покренал судска постапка против медиумите кои ги објавиле невистините и дека ќе продолжи да се бори за правдата. Според него, веста дека тој учествувал во физичка пресметка на дипломатски прием во присуство на министерката за надворешни работи на Романија е целосна невистина.
Јас не велам дека немам мани, но да се сепам на прием? Од самиот почеток ми беше јасно која е нивната намера. Го прашав министерот при консултациите од каде потекнува ова обвинување. Знаев дека доаѓа од него – не можев да замислам кој друг би можел да го иницира.
Најинтересно е тоа што, според одговорот на „Вечер“ во рамки на судската процедура, информацијата била добиена од Министерството за надворешни работи, што ќе послужи како доказ понатаму. Освен тоа, никогаш не беше демантирано дека овие тврдења се измислици.
Потоа се влезе во друга фаза на постапката, но беше само прашање на време кога ќе се случи ова. Проблемот е што, според законот, консултациите треба да траат најмногу 60 дена. Во тој рок, амбасадорот или се известува за промена, или се враќа на функцијата во земјата на прием, во мојот случај – Романија.
Наместо 60 дена, јас бев задржан во земјава цели шест месеци, што јасно говори за карактерот на министерот, дипломатијата и ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна, да не беше ова, веројатно немаше да разговараме денес“ нагласува Жерновски.