Thursday, February 13, 2025
4.8 C
Skopje

Жерновски: Груевски не смее со трикови да се спаси од праведен судски процес

Клучот за победата на опозицијата на следните избори лежи во специјалниот јавен обвинител и неговата улога во претстојниот период. Доколку нему му се обезбедат соодветни соработници, како и услови за непречено, професионално и ефикасно вршење на својата работа, тој низ повеќе процеси може да го потврди и процесуира криминалот од објавените разговори, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

zernovski

Досега не сме биле сведоци на ниту еден започнат судски процес против челниците на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, и доколку тоа се случи, може слободно да сметаме на крај на владеењето на Груевски и дефинитивен пораз во април следната година, напиша Жерновски.

Во написот се вели:

„Околу ова ќе се кршат копјата во септември и токму оваа точка може да биде првата сопка на реализација на договорот. Затоа, отворено ја повикувам меѓународната заедница, будно да го следи целиот процес, но со посебо внимание да ги надгледува преговорите околу изборот и работата на специјалниот јавен обивнител. Јас лично очекувам сериозни опструкции на работата на обвинителот, кои ќе мора да бидат нотирани од ЕУ и навремено отстранети. Опозицијата, исто така, не смее да дозволи уште еден трик и манипулација на Груевски, кој, како и секогаш, во јавноста ќе глуми конструктивност и посветеност, додека во позадина ќе направи се да се спаси од праведен судски процес. Да не заборавиме, оваа криза настана токму заради тоа што Груевски и неговите беа фатени во тежок криминал. Треба и мора да се покренат обвиненија, почнувајќи од нелегалното прислушување, тешките злоупотреби на власта, криминалните тендери, корупцијата, па се до прикривањето на убиства. Со договорот на кој тој стави потпис, а го гарантира ЕУ, специјалниот обвинител мора ова да го процесуира. Само така ќе започне толку неопходнот процес за враќање на довербата во системот и неговите институциите“.

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ