Женева 2016: Koenigsegg Regera е најлудиот хибрид на планетава со 1.500 КС!

0
1306
Женева отсекогаш бил саемот каде производителите на супер автомобили ги прикажуваат своите новитети, но овој ги надмина сите досега – Koenigsegg е само еден од автомобилите на саемот во преку 1.000 КС…

Шведскиот супер автомобил, за разлика од најголемиот конкурент на саемот, Bugatti Chiron, има хибриден погон со V8 бензинец со два турбо полначи и дополнителен електричен мотор кој се напојува преку напредни литиум јонски батерии со капацитет од 4.5 kWh и 800 волти излезна струја.

koenigsegg-regera-geneva-besenepten-02

Вкупната сила на хибридниот погон надминува 1.500 КС и 2.000 Nm вртежен момент. Ако мислите дека тоа е импресивно, еве ги бројките за забрзување – 2,8 секунди до стотка, 6,6 секунди до двесте и вртоглави 10,9 до 300 km/h. И ако се прашувавте, да, Regera постигнува и 400 km/h и тоа само за 20 секунди. Некои „спортски“ автомобили за 20 секунди не можат да стигнат ни до 200 km/h.

koenigsegg-regera-geneva-besenepten-01

Споредено со Chiron, Regera е малку побавна до 200 km/h, но после тоа буквално го прошишува конкурентот од Франција – до триста стигнува за 2,6 секунди побрзо, што е многу, многу пократко време, можеби и 30-40 метри должина, ако не и повеќе. Импресивно во најмала рака.

Најинтересно од се е што овие забрзувања се постигнати без менувач, односно погонот на Regera има само директен пренос. Ова значи дека забрзувањата ќе бидат линеарни, буквално како да се наоѓате во ракета што полетува.

А како и Chiron и Regera има супер луксузна и квалитетна внатрешност, која треба да го направи престојот комфорно искуство, за разлика од Ferrari и Lamborghini на пример, кои се повеќе спартански и насочени само кон возачкото уживање.

Многумина од вас сигурно веќе се запрашаа и не, нема информација за максималната брзина на Regera и дали таа ќе биде повисока од онаа на Chiron, но со оглед на компетитивноста на Koeingisegg, можеме да го очекуваме тоа.

koenigsegg-regera-geneva-besenepten-04 koenigsegg-regera-geneva-besenepten-05 koenigsegg-regera-geneva-besenepten-06 koenigsegg-regera-geneva-besenepten-07 koenigsegg-regera-geneva-besenepten-08 koenigsegg-regera-geneva-besenepten-09