Таа со блиските била на болница во Скопје, но била пречекана со заробено со канџи сопствено возило иако била паркирана на соодветна локација.
-Отидени во Ск нормално по болници,на враќање паркирани на автобуска станица на паркинг означен за инвалидни места,колата означена со знак за инвалид,со членската од здружение на лица со посебни потреби ставена на шал табла,пратена порака..ни ставаат блокада..се јавуваме на бројот нормално залепен на возачката врата,доаѓаат дечките од гратски паркинзи ги прашуваме зошто е блокадава кога се е уредно направено по правила,овие првично велат дека цитирам:
”Aма вие сте од друг град” ко божем мајко мила јас кога ќе отидам во Ск инвалидноста ми завршува и не смеам да паркирам на место означено за инвалиди и му велам:” Кога веќе вака ставате блокади на инвалидни возила паркирани на инвалидско место што не се од Ск тогаш напишете некаде дека паркингов важи само за возила од Ск”..чудно ме гледа., напиша Билјана на ФБ.
Вработениот во Градски паркинг имал сопствено објаснување зошто хендикепираните од други градови не смеат да паркираат на паркинг места за хендикепирани во главниот град.