Sunday, February 16, 2025
2.8 C
Skopje

ЖЕНА ЗАВРШИ НА КЛИНИКА СО ТЕШКА ДЕПРЕСИЈА, ОТКАКО ЛАЖЕН БРЕД ПИТ ИЗВЛЕКОЛ ГОЛЕМА СУМА НА ПАРИ ОД НЕА И ЈА УВЕРИЛ ДА СЕ РАЗВЕДЕ ОД СОПРУГОТ!

Жена на возраст од 53 години останала без неверојатна сума од околу 830.000 евра, откако се вљубила во измамник кој се претставувал како холивудскиот актер Бред Пит, објави британски Daily Mail. Како што пренесе медиумот, Ана е Французинка која се занимавала со внатрешен дизајн, а нејзиниот сопруг имал успешна фирма.

Приказната со лажниот Бред Пит започнала во февруари 2023 година, кога на Инстаграм добила порака, наводно од мајката на Бред Пит. Започнале да разговараат, се запознале, споделиле искуство од скијање во ски-центарот Тигнес во Франција, а веќе наредниот ден Ана добила порака од лице кое се претставило како Бред Пит.

Започнале да комуницираат, се зближиле, и таа секојдневно добивала пораки, фотографии и видеа од наводниот Пит, но и од неговата мајка. По некое време, тој ја замолил да му испрати пари, бидејќи му требале за лекување на канцер на бубрег, а како што кажал, не можел да располага со своите пари се додека не се финализирал разводот со Анџелина Џоли.

Лековерната жена во повеќе наврати му испратила поголеми суми на пари, а во меѓувреме и се развела од сопругот, очекувајќи брак со Бред Пит.
Целата приказна паднала во вода кога неодамна медиумите објавија фотографии од Пит со неговата нова девојка Инес Де Рамон. Тогаш Ана се посомневала дека е измамена и случајот го пријавила во полиција.

Во врска со случајот, францускиот медиум БФМТВ објави дека истрагата покажала дека лажниот Пит и испраќал на Ана фотографии и снимки направени со помош на вештачка интелигенција. Дури и праќал и видеа на кои наводно лежи во болнички кревет, со лекарски тимови околу него.

Веста се најде и на француските ТВ станици, а тамошни инспектори апелираат до јавноста да биде внимателна при онлајн комуникација со непознати лица, посебно кога некој бара поголеми суми на пари.

-Ана моментално е хоспитализирана на клиника и се лекува од тешка депресија. Цели две години измамникот извлекувал пари од неа, на крај нејзиниот брак завршил со развод токму поради лажниот Бред Пит.

Како што им кажала на инспекторите, тој бил многу културен и внимателен, дури и пишувал и поезија, постојано и праќал видео пораки и фотографии и планирала заеднички живот со него.

Истрагата е во тек, се трага по измамникот, а истражните органи апелираат до јавноста да не наседнува на слични измами и да внимава при онлајн комуникација со непознати лица, пренесе француската телевизија БФМТВ.

ОВАА НЕДЕЛА

БЕШИКТАШ НА СОЛСКЈАЕР ЗА ПРВПАТ ВО ТУРСКАТА СУПЕР ЛИГА ГО ПОРАЗУВА ТРАБЗОНСПОР

Турскиот клуб, Бешикташ каде ново назначен менаџер е поранешниот...

РУТЕ: ЗА 3 МЕСЕЦИ РУСИЈА ПРОИЗВЕДУВА МУНИЦИЈА, КОЛКУ НАТО ЗА ЕДНА ГОДИНА

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека...

СЕ СНИМААТ КАКО ДИВЕАТ СО КОЛИ А ПОТОА ПРАВАТ СООБРАЌАЈКА КАЈ ГРАДСКА БОЛНИЦА

Порталот ТВ21 објави видео од кое се гледа сообраќајка...

ДУИ: НАЈОСТРО ГО ОСУДУВАМЕ АПСЕЊЕТО НА КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН НА БЛАЦЕ, БАРАН ПО ПОТЕРНИЦА ОД СРБИЈА

Демократската Унија за Интеграција изразува длабока загриженост и најостро...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ