ЖАРЕ СТЕВАНОСКИ : ВО НАШИОТ СИСТЕМ НИЕ ГИ МРАЗИМЕ ПАМЕТНИТЕ, НО ГИ НАГРАДУВАМЕ НЕСПОСОБНИТЕ ЗА ДА СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСПОСОБНИ, ДА БЕШЕ СЕКС ВО ПРАШАЊЕ ЌЕ БЕВМЕ РЕКОРДЕРИ ВО КРЕПЕЊЕ, НА КРАЈ ИСПАДНА ЕДЕН БУДАЛА ПОВРЕДЕН ОД ИЛЈАДА ПАМЕТНИ

0
1828
Секогаш сами си го биравме отровот кој ќе не убива и веднаш после изборот ни текнуваше за лекот кој можеше да не спасува од агонијата.
Ние не биравме, ние преку избори казнувавме.

Ние ги наградувавме неспособните за да се чувствуваме поспособни во критиките за нивните неуспеси, а и полесно ни оди работата со таквите. Чат пат ќе ти затреба нешто за под тепих и ете ти некој таков ќе ти се најде кога никој паметен нема да може затоа што не смее. Е овие неспособните можат се, оти просто им се може бе а и си ги бирал па тоа им доаѓа како “пасс” за секаде и за сешто.

Ние ги мразиме паметните. Се прават многу паметни бе, ете тоа е доволно за да ги мразиме, што треба повеќе од тоа за некој да мразиш кај нас. И онака кај нас не за џабе се рекло “тоа што еден будала може да расипе, илјада паметни не можат да го поправат”, па тоа за нас по дифолт значи дека еден будала е повреден од илјада паметни.

Душа од народ сме, ама државата не ни чини. Земја на сонцето, од пуста жештина сите од неа бегаат во еден правец во поладни краишта.

Сме преживеале 500 години турско ропство, коров сме бе, коров, ништо не не ништи. Да беше секс во прашање ќе бевме рекордери во крепење, ама си ја имаме ние онаа народната “кубурот на појас, за зло време и ќути си оти има и полошо”.

Ние си сакаме правда и правна држава, сигурност. Ама само онолку колку што е потребно за да си ја истуркаме својата, за туѓата е небитно и онака еден од нас ќе остане обесправен, па си се натпреваруваме кој побргу ќе и ги подмачка очите на онаа слепата кучка со мечот, Јустиција ли беше, небитно.

Идоли ни станаа оние кои го победија системот, алал да им се парите кои ни ги украдоа. Си можеле бе, паметни се, и им аплаудираме. Идиоти останаа за потсмев овие другите, глупави принципиелни створови што мислат дека живеат во скандинавија наместо тука. Ова е Македонија бе ало.

Ние сме си визионери бе. Ова што сега го живееме К15 уште пред 15 години го предвиде, ама ние тогаш на тоа се смеевме. Сега плачеме. Ништо не ни е погодено.
Најголемиот успех за секој родител тука е да успее да го трасира патот на своето дете што подалеку од тука.
Системот ни е таков, предизвикува вртоглавица и гадење од помислата што се треба да направиш за да останеш тука, здрав и жив после 50-тата.
Душа народ, нема што. Ама системот не ни чини.
Фејсбук статус на адвокат Жаре Стеваноски.