КАКВО САЛТО МОРТАЛЕ – ЖАН МИТРЕВ ЈАВНО НА ФЕЈСБУК СЕ ПОСИПА СО ПЕПЕЛ И АВТОМАТСКИ ЈА ПРИЗНА ВИНАТА ЗА СТОРИЈАТА НА ,,ИРИ” ЗА ,,НЕЧИСТА КРВ” : БОГ НЕКА ИМ СУДИ НА НОВИНАРИТЕ ОД ИРЛ ЗА СЕ ШТО СТОРИЛЕ, ЈАС ИМ ПРОСТУВАМ И ЈА ПОВЛЕКУВАМ ТУЖБАТА

0
861

Во новогодишна честитка објавена на социјалната мрежа Фејсбук, д-р Жан Митрев вели дека денеска е ден за простување, а дека минатата година ИРЛ му нанеле многу неправда, како што вели со „организирана пропаганда и ширење невистини преку јавни медиуми“. Во описот на објавената фотографија потенцира дека ја повлекува тужбата што ја поднел против ИРЛ.

„Простување

Денес е ден кога Христос се роди.
Денес е денот кога се родила надежта дека доброто ќе го надвладее злото.
Денес е денот кога се што ни се случило лошо сакаме да го заборавиме.
Денес е дденот кога на сите им посакуваме само добро.
Денес е ден кога им простуваме на сите кои ни направиле лошо.
Минатата година ИРЛ ми нанесоа многу неправда со организирана пропаганда и ширење невистини преку јавни медиуми. За тоа поднесов и тужба против нив“.
Целта не ми е да се тужам со медиумите, туку да ја докажам правдината.
Но, за се што сториле Бог нека им суди.
Јас им простувам и тужбата ќе ја повлечам
За многу години“, пишува Жан Митрев на ФБ.