Thursday, February 6, 2025
9.8 C
Skopje

Е црни Грујо, еве што мислат за тебе старите членови на ВМРО ДПМНЕ, вистинските ветерани, првите пратеници на ДПМНЕ во македонскиот парламент!

Со актуелната општествено-политичка криза, која во основа претставува скандалозна ерозија на институциите на системот и целосен недостиг на принципот на одговорност, Македонија се оттргнува од европската перспектива, сметаат членови од првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ кои денеска испратија соопштение во пресрет на утрешниот 25. роденден на партијата.

Nikola-Gruevski

Нивното соопштение го објавуваме во целост:

„На годишнината на основањето на партијата ВМРО-ДПМНЕ, сакаме да укажеме на позицијата на нашата партија, посебно со оглед на нејзината врска со историското ВМРО. Таа била движење со огромна сплотувачка сила на целиот македонски народ и на сите етникуми во Македонија како меѓу браќа и сестри по судбина. А била тоа заради високите норми на морална чистота и подготвеност на саможртва борејќи се за своја држава.

Кои се денес претпоставките за стабилноста и просперитетот на државата?

Хармонизирани социјални и меѓуетнички односи, добрососедски односи и интеграција во ЕУ и НАТО.

Со актуелната општествено-политичка криза, која во основа претставува скандалозна ерозија на институциите на системот и целосен недостиг на принципот на одговорност, Македонија се оттргнува од таа перспектива.

Нашата партија има посебна одговорност и како фактор на ваквата состојба, и како фактор за излегување од неа.

Како носител на големата идеја за создавање и зацврстување на Македонија како држава, ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе во пресрет на граѓанското движење дома и на барањата на меѓународната заедница, заради постигнување на консензус на општограѓанско помирување и враќање на државата на патот на кој ја поставивме пред четвртина век. Патот на самостојната, стабилна, демократска и социјална Република Македонија на рамноправни граѓани, интегрирана во ЕУ и НАТО.“

Соопштението е потпишано од Ратка Димитрова, Јордан Бошков, Билјана Лазаревска, Горан Зафировски, Цветан Јовчевски, Никола Апостолоски, Благоја Чкатровски, Ташко Киров Костенчев и од Боркo Ѓорчевски.

ОВАА НЕДЕЛА

ОЈО: СОПРУГАТА НА ПЕЦЕ МИРЧЕСКИ КОРИСТЕЛА ВОЗИЛА СО ШОФЕР ОД ФИРМА СО КОЈА ТОЈ СКЛУЧУВАЛ ТЕНДЕРИ

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно...

ОБЈАВЕН ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА 47 ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

Советот на јавни обвинители објави оглас за избор на...

ТЕПАЧКА МЕЃУ ДВАЈЦА ДОКТОРИ ВО ОПЕРАЦИОНА САЛА ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ШТИП

Секторот за внатрешни работи во Штип информираше за пријава...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ