Во бегство се 23 затвореници од струмичкиот затвор. Раководството на затворот вели дека ова е поразително.
„Во моментов од Казнено-поправната установа Затвор Струмица во бегство се 23 затвореници“, соопшти новоименуваниот в.д. директорот на затворот Зоран Ристов.
Вкупниот капацитет на КПУ Затвор Струмица изнесува 62 лица и во него се извршува казна затвор до три години, казна затвор за сторен прекршок и изречена мерка притвор во согласност со судско решение. Во затворот казна издржуваат лица од Струмица, Кочани, Штип, Виница, Делчево, Берово и Радовиш.
На Редит претходно беше објавена мапа со стапката на бегства од затвор во Европа, при што Македонија е обоена со темно црвена боја, односно има најмногу бегства.