ЕСКЛУЗИВНО : АМЕРИКАНСКИОТ МУЛТИМИЛИОНЕР ЕЛОН МАСК ЈА КУПИ МРЕЖАТА ТВИТЕР ЗА 44 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

0
266

Според светските медиуми мрежата Твитер е продадена на компанијата на Илон Маск по цена од 54,2 долари по акција, што милијардерот ја нарече своја најдобра и последна понуда, пишува Ројтерс.

Компанијата наскоро ќе ја објави својата продажба по вкупна цена од 43 милијарди долари во текот на утрешниот ден, откако одборот на директори ќе се состане и ќе им ја препорача трансакцијата на своите акционери, велат изворите, додавајќи дека зделката може да пропадне во секој момент.

Твитер не успеа да обезбеди „провизија“ во договорот со милијардерот, што ќе му овозможи да побара други понуди од потенцијалните купувачи доколку договорот биде потпишан. Сепак, на Твитер и понатаму му е дозволено да прифаќа понуди од други клиенти со тоа што на Маск би му платиле одредена такса, посочуваат изворите.