Две лица попладнево се уапсени во зградата на општина Врапчиште, јавува дописникот на ТВ21.
Тие се уапсени поради тоа што дале отпор на полицијата. Инаку порано денеска граѓани пристигнаа во општината за да кажат дека не градат дивоградба, туку го чистат просторот околу црквата.
Инаку на видеото кое вчера се споделуваше низ друштвените мрежи се тврдеше дека полицајци дошле со наредба од обвинител за приведување на сите. Ова го демантираа од Обвинителство и полиција.
Извор : ТВ21