ЕРИК ТЕН ХАГ : РОНАЛДО Е ЏИН, СЕКАКО САКАМ ДА ОСТАНЕ ВО МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

0
419

Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг прв пат јавно проговори за иднината на Кристијано Роналдо и вели дека сака Португалецот да остане на Олд Трафорд.

Изминатиов период имаше многу гласини дека Кристијано Роналдо ќе треба да си побара нов клуб бидејќи не се вклопува во плановите и замислите на Ерик тен Хаг.

Во разговор со Де Телеграф, новиот тренер на Манчестер јунајтед прв пат јавно проговори за ЦР7 и порача дека сака напаѓачот да остане на Олд Трафорд.

„Со нетрпение чекам да работам со него. Роналдо е џин, погледнете само што се има освоено и се уште е амбициозен. Секако дека сакам да остане. Оваа година беше многу важен за Манчестер јунајтед, има одлична статистика“ – вели Холанѓанецот.