Емотивно писмо на Љубе Бошкоски до камперите: Ние ќе победиме, зашто никој не победил народ!

0
495

Поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, кој сега се наоѓа на издржување долгогодишна затворска казна во случајот за кој постојат сомневања дека е политички монтиран, се обрати од затворот Идризово со емотивна порака за поддршка на демонстрантите, кои веќе 13 дена кампуваат пред владата барајќи оставка од Владата на премиерот Никола Груевски.

ljube-glavna1-620x313

Ви го пренесуваме писмото на Љубе Бошковски до демонстрантите од „Кампот на слободата“:

„На дванаесеттиот ден од Вашето кампување за слободна Македонија на различни места сме но со една цел – да ја видиме Македонија од недосонетиот сон! Секој од Вас таму на улицата на Слободата, ако не ја постигне целта, тоа би го доживеал како интимен пораз, како да сме ја изневериле секој својата генерација и генерациите пред нас.

Кампери Мои, ние ќе победиме затоа што никој во историјата не победил народ. Но на тој „минијатурен тиранин” мора да му испратиме нова јасна порака: не „Оставка!“, не „Оди си!” Тоа тој го посакува и на тоа се надева. Затоа, пораката треба да биде „Затвор веднаш!”, бидеќи со она човечно барање кон него звучиме чудно и неразбирливо.

Зар оваа булумента од политички страшила без легитимитет, која ја узурпира власта, да даде оставка исто како од избран директор со мандат од четири години, фатен во тешки криминали уништувајќија фирмата, за кој чекаш да му истече мандатот за да го апсиш? Затоа, чинам, пораката на камперите треба да биде „Апсење веднаш!”.

Зошто апсење, храбри кампери мои? Затоа што така вели законот под трите основи:

1. Можност за повторување на делото.

Секој ден злоупотребуваат по десет милиони евра народни пари од буџетот на РМ од три милјарди евра, иако се нелегитимна и нелегална власт.

2. Можност за влијание на сведоците.

Тие присилија дваесет до дваест и пет илјади луѓе на подршка на митинг за да му бидат сведоци, за неговото злосторство да го прикажат како човечко дело, а присутните како соучесници.

И последниот законски основ:

3. Можноста за бегство.

За да не се случи бегство, кампери мои, верувајте има кој да ги апси.

Продавачот на лажниот патриотизам на лажното родољубие, како и сите оние кои се потпишуваат за него, чекорат со него, ставаќи го на тој начин целиот свој професионален и животен интегритет, а меѓу нив и некои кои ми значеле во животот. Простете, но ги сметам за изроди на нашево време. Простете ми уште еднаш, но во мене огорченост и силен презир пробудувате.

Вие на барикадите долу, заедно сите обединети да се избориме да исчезне овај наш цивилизациски срам што поскоро затоа што не ни припаѓа нам, не е наш. Јас сум убеден дека овие чудовишта ќе исчезнеа одамна да не започнеа пред девет години да ја корумпираат масовно свеста, слободната мисла преку школството, академијата, уметноста, културата, земјоделството, судството, обвинителството итн…

Но, молкот, за среќа, престана кај најголем дел од нив.

Сепак СЛОБОДАТА доаѓа во вашата и сенародна УЛИЦА НА СЛОБОДАТА…Кампери, херои на ова наше време денес, ви благодарам за подршката Ве подржувам, Ве поздравувам од длабочината на мојата робијашка за Македонија душа.“ – пишува Љубе Бошкоски.