Последните година-две, новинарите не знаат, не можат или не смеат да направат ниту еден прилог, извештај или текст без внатре да вметнат што мисли за тоа некој аналитичар, експерт, кој и да е.
Па така,добивме квази-новинарска ситуација, за мене необјаснива, која на журналистите им наметнува зависност од десетина луѓе кои се експерти буквално за се!
Охрабрете се новинари, уредници, покажете знаење и авторитет. Некои од вас го можат тоа. Не им давајте за право на голем дел, самопрогласени аналитичари да ве држат во шака. Во голема мера нивните анализи ниту се анализи, а уште помалку експертски ставови. Вистинските експерти за одредени прашања, многу ретко ги гледаме во вашите прилози, а секој нивен текст или експертиза, држат вода. Но, тие, секако нема да се расфрлаат секојдневно со небулозни и плитки изјави во вашите прилози или текстови.
Одговорноста за сработеното е на новинарите, не се задскривајте зад новоформираната групација, девојки за се-аналитичари. Мене ова ми личи, меѓу другото и на класична автоцензура. Да го каже тоа друг за мене! Што се случи со авторитетот и со личностите во новинарството? Имињата во новинарството се потиснати, да живеат аналитичарите!
Фејсбук статус на Емилија Лазаревска