ЕМИЛИЈА ДИНЕВА Е АНГЕЛОТ КОЈ ПОГИНА ВО ТРАГИЧНА НЕСРЕЌА КОЈА ДОНИРА БУБРЕЗИ И СРЦЕ, СЛАВА ТИ!

0
139

Емилија Динева е жената чии органи, срце и два бубрези ќе го продолжат животот на тројца други луѓе. Емилија Динева го загуби својот живот во трагична несреќа.

Ова е првата операција на трансплантација на срце во нашата држава од починат донор.

Министерот за здравство, Венко Филипче, се заблагодари на нејзиното семејство што во овој тежок момент, сепак се одлучија на ваков чекор.

„Трансплантацијата е успешна. Ова е голем ден за нас. Посебен по многу нешта. Би сакале најпрво да се заблагодариме на семејството на донорот. Да се донесе одлука да се даруваат органи во моментот кога го губите саканиот, е тешко. Незамисливо тешко. Потребно е многу сила, многу љубов и многу хуманост да мислите на нечиј туѓ живот во моменти кога знаете дека сте го изгубиле најблискиот. И за ова сме им бескрајно благодарни. Тие се се хероите на оваа приказна. Би сакал да им се заблагодарам на лекарите од јавното и приватно здравство, медицинските сестри, координаторите и сите оние кои тимски ја направија трансплантацијата. Ова е огромен успех за македонското здравство“,порача Филипче.