ЕЛЕНА ЛУКА ЗА ФОКУС : НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ЈА СУМ ГО ДОНЕЛА КОРОНА ВИРУСОТ ВО МАКЕДОНИЈА ОД МИЛАНО, ЈАС ПРОДАВАМ МОДНИ МАСКИ, НЕ МЕДИЦИНСКИ МАСКИ, ЈАС НЕМАМ КОРОНА ВИРУС!

0
489

Модната дизјанерка Елена Пандева и сопственичка на ,,Елена Лука” пред неколку минути и се обрати на јавноста преку видео порака. Вели дека кога пред два дена слушнала гласини дека таа и нејзиниот тим се лицата кои патувале од Милано кон земјава, односно дека токму таа е жената која е заболена од коронавирус, на почеток и било смешно.

Но, откако веста започна да се споделува на социјалните мрежи, таа се загрижила и решила да стави крај на шпекулациите. Во видеото Пандева демантира дека била присутна на модната недела во Милано, настан кој го посетиле две жени од Грција кои се позитивни на вирусот. Тврди дека единствено имала настан во Скопје, во Александар Палас и како во последниот период не ни излегувала од земјава.

-Бог да ни е на помош во овие времиња! Имајте поголема верба, повеќе љубов, а помалку паника и страв. И овој тест ќе помине. И оваа ситуација ќе замени друга. И се така до крајот на животот. Затоа да не бидеме никогаш предмет на духовни манипулации, туку со Божја љубов да победиме се што ни ја темнее душата, па и стравот од смртта – пишува дизајнерката под видеото.

Извор : Фокус