Thursday, March 20, 2025
-3.2 C
Skopje

ЕЛЕМ го поништиле првиот конкурс, па објавиле втор на кој го вработиле Милетиќ

До порталот Доказ стигнал уште еден документ-известување поврзано со вработувањето на Драгиша Милетиќ во ЕЛЕМ.

dragisa-miletic-540x296

Како што се гледа од известувањата, ЕЛЕМ објавиле конкурс за работното место на 20 јули, но на 30 јули испратиле писма до пријавените кандидати дека не се врши избор, односно дека конкурсот е поништен.

11880979_10207492034442227_2118244751_n

Сепак, истиот ден (на 30 јули) објавиле нов конкурс, на кој бил вработен токму Драгиша Милетиќ.

11874218_821246831329407_493535198_n

Веројатно се работи за претседателот на Српската напредна странка кој беше дел од опозициската коалиција се до локалните избори во 2013 година кога дојде во фокусот на јавноста откако му го позајми печатот на Стевчо Јакимовски за да може да се кандидира на локалните избори.

Тој и неговата партија беа во коалиција со ГРОМ на Јакимовски за парламентарните избори во 2014 година, а откако добија само еден пратеник, Милетиќ изјави дека носителот на пратеничката листа на ГРОМ, Чедомир Саздовски, ќе се повлече, и тој ќе седне во пратеничките клупи, бидејќи таков договор имале со Јакимовски.

Сепак, тоа не се случи, па веројатно координирањето во ЕЛЕМ ќе му дојде како утеха.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОСТОИ МОЖНОСТ САД ДА СЕ ОТКАЖАТ ОД УЛОГАТА ВОЕН ЛИДЕР НА НАТО

Администрацијата на Доналд Трамп размислува да се откаже од...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ