Friday, June 20, 2025
19.8 C
Skopje

ЕЛЕКТРИЧНОТО „FERRARI“ НЕМА ДА ИЗЛЕЗЕ ОВАА ГОДИНА

„Ferrari“ нè наведе да веруваме дека ќе го претстави својот прв електричен автомобил оваа година, на 9-ти октомври, за време на настанот по повод Денот на капиталните пазари. Барем така тврдеше извршниот директор Бенедето Виња на почетокот на февруари, кога компанијата ги презентираше своите финансиски резултати за 2024-та година.

Сепак, Виња сега го „преформулира“ своето ветување, најавувајќи дека „elettrica“ ќе биде откриена во три фази.

Зборувајќи за време на презентацијата на резултатите за првиот квартал од 2025-та година, Виња им откри на аналитичарите дека прво ќе го видиме само „технолошкото срце“ на новиот модел. Тој не навлезе во детали, но се претпоставува дека се осврнува на погонскиот склоп.

Втората фаза од откривањето ќе биде почетокот на следната година, кога „Ferrari“ ќе го претстави дизајнот и распоредот на ентериерот, додека вистинската светска премиера е закажана за пролетта 2026-та година.

Искрено, сето ова звучи како официјалната премиера да е одложена, но секако Маранело нема да го претстави на тој начин – не би изгледало добро.

Неколку месеци по премиерата, „Ferrari“ планира да започне со испораките на моделот „Elettrica“, а првите примероци ќе им пристигнат на клиентите во октомври 2026-та година.

Првото „Ferrari“ без мотор со внатрешно согорување ќе се произведува во нова фабрика наречена „е-билдинг“. И покрај името, во оваа сала ќе се склопуваат и бензински и хибридни автомобили.

Објектот зафаќа површина од над 42.500 квадратни метри и моментално вработува повеќе од 300 работници.

„Ferrari“ е исклучително таинствен во врска со својот влез на пазарот на електрични возила. Сепак, директорот за маркетинг на производи, Емануеле Карандо, најавува дека возилото ќе има „автентичен“ звук, што и да значи тоа.

Виња, исто така, нагласи дека „електричните автомобили не се тивки“ и дека електричниот автомобил на „Ferrari“ ќе има свој „звучен потпис“.

Тест прототипот, базиран на каросеријата на „Maserati Levante“, веќе е забележан како испушта агресивни звуци – иако воопшто нема мотор со внатрешно согорување.

Неодамнешен патент дури открива можност за симулирано менување на брзините, но сè уште не е јасно дали оваа функција всушност ќе биде дел од серискиот модел. Многу патенти остануваат само на хартија.

Бидејќи „elettrica“ нема да биде прикажана оваа година, таа нема да биде ниту дел од шесте нови модели што „Ferrari“ планира да ги претстави до крајот на 2026-та година.

По претставувањето на „296 Speciale“ во април, се очекуваат наследници на „Roma“ и „SF90“, евентуално втора верзија на „SUV“ моделот „Purosangue“, или дури и нов „SP4“ од ексклузивната серија „Icona“.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО МАСОВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД СОСТАВЕН ОД 60 АВИОНИ, ИЗРАЕЛ ГО УБИ НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО ИРАН

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз...

НИКОГАШ НЕ СМЕ СТАВИЛЕ ВЕТО, РЕЧЕ РАДЕВ ПРЕД СИЉАНОВСКА ДАВКОВА: „БУГАРИЈА НЕ ВЕ БЛОКИРА“

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не...

ЕСКАЛИРА СУДИРОТ МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: РЕКЕТИРАНА БОЛНИЦА И ЗАСИЛЕНИ ТЕНЗИИ

Најмалку 89 лица се повредени откако иранска ракета ја...

ЗАХАРОВА: КОСОВО Е ДЕТЕ НА ЗАПАДОТ И ПЛОД НА АГРСИЈАТА НА НАТО

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова,...

ДАЛИ ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО БЛОКИРА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ?

Израел денес ги бомбардираше иранските нуклеарни постројки, а иранските...

ИРАН ГИ БЕЛЕЖИ КАДЕ СЕ НАОЃААТ СИТЕ АМЕРИКАНСКИ БАЗИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК

Со повеќе од 40.000 американски војници распоредени низ Блискиот...

ДОДИК: ДОДЕКА ЈАС ЈА ВОДАМ РЕПУБЛИКА СРПСКА, НИЕ НЕМА ДА БИДЕМЕ ПАРКИНГ ЗА МИГРАНТИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека Република...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ