Tuesday, November 12, 2024
3.8 C
Skopje

ЕК ГИ ОДОБРИ РЕФОРМСКИТЕ АГЕНДИ ОД ПЛАНОТ ЗА РАСТ НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН

Европската комисија денеска ги одобри реформските агенди на Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, поврзани со нејзиниот План за раст на Западниот Балкан, откако претходно земјите членки на ЕУ дадоа позитивно мислење за тие документи, јави дописникот на МИА од Брисел.

– Во нивните амбициозни реформски агенди, петте влади од Западниот Балкан се обврзуваат на социо-економски и фундаментални реформи што ќе ги преземат за да го поттикнат растот и поврзувањето со ЕУ согласно Планот за раст за периодот од 2024 до 2027 година, соопшти Европската комисија.

Во соопштението се додава дека одобрувањето на реформските агенди беше клучен чекор за да се овозможат исплати на средства во рамки на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, чија вкупна вредност е шест милијарди евра.

ОВАА НЕДЕЛА

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА НА КОП29 : ОД СУШТИНСКО ЗНАЧЕЊЕ Е ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ФИНАНСИИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА КЛИМАТСКИТЕ ЦЕЛИ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Баку, Република Азербејџан...

ПЕСКОВ : МОСКВА ЈА ГЛЕДА НЕРВОЗАТА И СТРАВОВИТЕ НА ЕВРОПА ПОРАДИ ПОБЕДАТА НА ТРАМП

Москва гледа одредена нервоза и стравови во Европа во...

КОСОВСКАТА ЦАРИНА СПРЕЧИ ШВЕРЦ НА СТОКА ОД МАКЕДОНИЈА

– Косовската царина соопшти дека во текот на минатата...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ