ЕКС МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ, ДРАГАН ТЕВДОВСКИ : Чест ми е што ја водев најдобрата институција во земјава. Се гордеам што имав одличен тим со кој не се плашев да влезам во ниту една битка

0
378

Чест ми е што ја водев најдобрата институција во земјава. Се гордеам што имав одличен тим со кој не се плашев да влезам во ниту една битка.

Благодарност до вработените во Министерството за финансии што беспоштедно работеа да ги спроведеме реформите.

Најголемата награда за мене за овие две години, доаѓа деновиве кога насекаде граѓани ме застануваат и ми велат: „браво и главата горе”.

Тоа е за мене најдобриот начин да се излезе од едно министерство.

И затоа со главата горе и целосно посветен се враќам на Економскиот факултет.