Друштвото на македонски тренери што имаат лиценца односно диплома со највисок степен според РИНК Конценцијата од денеска е побогато за уште еден член.
Томе Петрески, поранешен македонски репрезентативец и тренер со резиме во кое се запишани повеќе екипи од Македонија, Франција, Мароко, денеска ја доби својата диплома „мастер коуч“, со што се здоби со право да води натпревари од највисок ранг во организација на ЕХФ и ИХФ.
Петрески последниот модул од тренерското образование го комплетираше преку Виена.
Во моментов е без ангажман откако неодамна беше прекината соработката со кавадаречкиот суперлигаш ГРК Тиквеш.
Друга група од 12 македонски тренери, во две групи преку семинари што се одржуваат онлајн со централи во Хрватска и Србија пред три дена го почнаа првиот односно вториот модул за добивање на мастер коуч диплома.