ЕКС ЗВЕЗДАТА НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД, БАСТИ ШВАЈНШТАЈГЕР : ПОЧИТ ЗА МАКЕДОНИЈА ЗА ПОБЕДАТА НАД ЧЕТИРИКРАТНИОТ СВЕТСКИ ШАМПИОН

0
336

Поранешниот германски репрезентативец и екс звезда на англискиот фудбалски шампион Манчестер Јунајтед, Бастиан Швајнштајгер, ја честита историската победа на македонските фудбалери над Германија во квалификациите за СП во Катар. Тој вели дека неправедно им бил одземен еден пенал, но сепак успеале да победат четирикратен светски шампион.

„Мојата почит за С Македонија, еден несреќен пенал против нив, а чист пенал не им беше даден. Но овие момци ја добија играта против четикратен светски шампион“, напиша Швајнштајгер на Твитер.