Експресно заврши истрагата и за случајот „Поткуп“

0
622

zzaev r

За помалку од еден месец заврши истрагата и за вториот  случај „Поткуп од 200 илјади евра“ во кој се сомничи лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

По случајот Пуч, веќе тече рокот од 15 дена за подготовка на обвинение и за случајот Поткуп.  Дел од одбраната за 24 Вести потврди дека е завршен распитот.

Во овој случај, Заев е осомничен дека побарал мито од бизнисмен за да легализира градежно изградено земјиште.

Случајот се отвори на 10 март, а истрагата заврши за помалку од еден месец.

Заев пак во текот на март поднесе кривична пријава против истиот бизнисмен, кој како што вели лидерот на опозицијата, му нудел поткуп.