Експертскиот извештај на ЕУ потврди тешка корупција и злоупотреби на власта од страна на БИТАНГИТЕ НА ГРУЈО!

0
644

Тешки злоупотреби на институциите и корумпирани високи државни функционери, ова е генералниот заклучок ако се прочита извештајот подготвен од експертската група ангажирана од Европската комисија за да ги истражи состојбите кои открија по објавувањето на снимените разговори од страна на лидерот на опозицијaта Зоран Заев.

evropska-unija-zastava-foto-01-reuter_f

„УБК изгледа дека работело надвор од своите овластувања во полза на Владата за да ги контролира највисоките претставници на јавната администрација, обвинители, судии и политички опоненти со консеквентно мешање во независноста на судството и други институции, се вели во Извештајот на експертската група ангажирана од Европската комисија.

Снимките со прислушуваните материјали се со квалитет, обем и опсег што генерално може да се смета дека се правени во Службата за разузнавање.

Аферата откри масовно прекршување на фундаменталните права, вклучително и оние за слободата да се учествува во јавниот живот и да се гласа, еднаков пристап до јавните добра, правото на приватност и правото на независно и непристрасно судство, односно правото на пристап до правда.

Целиот текст може да го прочитате ОВДЕ