ЕКСЛУЗИВНА СТОРИЈА – СПЕКТАКУЛАРНАТА ПРИКАЗНА ЗА МОНСТРУОЗНИОТ ПАТ ДО БОГАТСТВОТО НА СИЉАН МИЦЕВСКИ И ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ И НАЈСРАМНИТЕ ГРАБЕЖИ ВО МАКЕДОНИЈА: Приватизацијата на хотелите Инекс Горица и Парк и страотниот градежен бум на градежната фирма РЕМИС кој поседува пола од зградите во Охрид!

0
10910

(Најпознатиот најубавиот и најскапиот хотел во Охрид, Инекс Горица, сместен веднаш до вилата на Тито, Биљана)

Една од најспектакуларните стории во нашата блиска бизнис-политичко-криминално-транзициска историја секако е приказната за приватизацијата на хотелскиот бисер на Охрид, Инекс Горица. Нема да ви се верува за каква тоа мафијашка приказна станува збор. Интересно е што во приказната е поврзан и најголеиот банкарски скандал во нашата земја, ТАТ, потоа растот на еден битолски олигарх, потоа бугарска мафија, германска мафија, бордели, курви, кеш пари, судови, притвори, градежни мафии, лудила и лудила, седнете земете пуканки и читајте надолу има да се запрепастите до каде оди снаодливоста и алчноста на нашите мафијаши и како од сето тоа денеска еден од главните протагонисти од молер сега е речиси милијардер а другиот од продавач на весници на охридските плажи сега е газда на Охрид!!!

Оваа сторија е правена со склопување на неколку стории правени од неколку новинари од Охрид пред се познатиот новинар од Охрид, Веле Митановски, но дел се и од наши сознанија кои сме ги слушале на бројните седенки со луѓе кои ја познаваат оваа тематика. Клучли луѓе во оваа приказна се екс градоначалникот на Битола, Сиљан Мицевски и екс продавачкот на весници по охридските плажи а потоа и гастербајтер во Германија, Бошко Илоски сега газда на хотелот Инекс Горица и градежната компанија Ремис која го поседува пола Охрид.

Одиме по ред. Пред десетина години, Ремис решава да си гради зграда во Охрид на диво за потоа со разни врски и поткупи да си ја внесе во ДУП, еве ја првата вест од оваа сторија:

Советот на Општината Охрид во минатата недела донел нов детален план за центарот на градот, со кој се легализира дивоградбата на градежната фирма “Ремис”, дознава “Дневник”. Станува збор за станбена зграда, за која постои решение за уривање на последниот кат, а и гаражите нелегално биле претворени во деловни објекти.

Во Охрид се шпекулира дека сопственик на “Ремис” е ќерката на поранешниот градоначалник на Битола, Силјан Мицевски, а официјално како газда се води извесен Бошко Илоски од Охрид. Како што дознаваме од извори во Советот, одлуката била наложена од градоначалникот на Охрид, Никола Наумов, кој новиот просторен план го ставил како вонредна точка на седница, откако советниците не го изгласале во мај. 

– Овој совет пред две години го изгласа тој план, со што овој објект беше прогласен за дивоградба. По две години истиот совет го легализира објектот на “Ремис” – велат во градскиот совет на Охрид.

Директорот на Градежниот инспекторат, Зоран Трошански, вели дека откако сопственикот на градбата ќе го приложи одобрението ќе се укине решението за уривање.

Градоначалникот на Охрид, Никола Наумов, не беше достапен за коментар, но во неговиот кабинет велат дека тој не го легализирал објектот, туку имал одобрение од Министерството за транспорт и врски.

-Тоа не беше вонредна точка на дневен ред и се се одвивало по регуларна постапка, за која биле потребни најмалку 15 одобренија од надлежните министерства. Не знаеме дека “Ремис” имал решение за уривање, а постапката со планот е почната одамна – вели Кирил Апостолов, шеф на кабинетот на охридскиот градоначалник. 

INEX-Ohrid-EltaInzenering-1

По овој потфат на градење згради, тандемот Сиљан и Бошко Илоски решава да го направи најголемиот нивен потфат, приватизација на златната кокошка од Охрид, АД Инекс Горица, која ги поседува хотелите Инекс Горица, Парк и одмаралиштето Градиште но и хотел на брегот на Јадранско Море, во Цавтат. Еве ги сториите на таа тема (приметете како е изведена таа операција, практично продаден е хотелот во Цавтат на бугарскиот мафијаш од озлогласената МултиГруп, Павлов со кои пари потоа се купени акциите и е преземена компанијата и со тоа и добиени за без пари хотелите Инекс Горица и Парк):

29857593

Шеесетина поранешни акционери на АД “Инекс – Горица° се револтирани од пресудата на Основниот суд во Охрид донесена деновиве, со која не им се признава правото на капиталната добивка од продажбата на хотелот “Македонија° во Цавтат во близината на Дубровник. Тие тврдат дека знаеле дека бил продаден хотелот за 400.000 евра, а всушност, овој ексклузивен објект бил продаден за 1.500.000 евра. Основниот суд во Охрид вторпат ја одбил нивната тужба иако, според нив, не е презентиран договорот за купопродажба склучен во Дубровник, кој е крунскиот доказ во разоткривањето на криминалната приватизација на “Инекс – Горица°. 

“Немаме судски заверен договор ниту договор заверен кај нотар. Бараме да се донесат овие документи од Дубровник и ќе се бориме преку надлежните министерства во Македонија по службен пат да го обезбедиме договорот, зашто Македонија и Хрватска имаат потпишано конвенција. Овој договор ќе мора да се презентира во судскиот процес што се води во Основниот суд во Охрид°, вели Крсте Трпкоски, поранешен акционер на АД “Инекс – Горица°. 

Поранешните акционери на “Инекс-Горица° се сомневаат дека договорот за купопродажба е нелегално направен во Дубровник во четири очи и поради тоа се крие. Според нив, целата трансакција вешто била прикриена со формирање фантом-фирми во странство преку кои биле извршени сомнителните банкарски трансакции, со кои биле оштетени со 1.100.000 евра. 

12113208

(Салата во Инекс Горица која се смета за најдобрата банкет сала во Охрид и тука се оддржуваат конференции светски самити и мегаломански свадби на милионери)

“Наводно, новите акционери донеле одлука парите од продажбата на хотелот ‘Македонија’ како капитална добивка да ги префрлат на контото резерви на фирмата, а тие во Охрид беа уплатени по седум месеци по продажбата. Капиталната добивка ја остваривме ние, поранешните акционери, а не сегашните газди на ‘Инекс – Горица’”, објаснува Крсте Трпкоски, еден од шеесетина поранешни акционери кои веќе три години ја бараат правдата по судовите. Тој додава дека ќе одат докрај и во текот на судските процеси ќе го известат Републичкиот судски совет и Антикорупциската комисија.

Судскиот процес што го поведоа шеесетина поранешни акционери на “Инекс – Горица° фрла нова светлина и врз вкупната приватизација на фирмата, во чиј состав се хотелите “Горица° и “Парк° и автокампот “Градиште°, кои се наоѓаат на најатрактивните локации на охридското крајбрежје. Според поранешните акционери, дел од нивните акции во “Инекс – Горица°, проценета на 7,4 милиони евра, купени се со матни трансакции од продажбата на хотелот “Македонија° во Цавтат кај Дубровник.

Директорите се плашат за своите позиции и затоа на сите начини ја оневозможуваат продажбата на акциите на хотелите на “Инекс-Горица” и на “Галеб”, рече на вчерашната прес-конференција Гоце Блажески, еден од тројцата Македонци кои живеат во Америка и сакаат да ги купат управувачките пакети во овие хотелско-угостителски капацитети. За акциите од АД “Инекс-Горица” Охрид, понудиле цена од 35 евра за акција, но, Централниот депозитар не дозволил котирање на акциите на Берза, “под влијание на директорот на Инекс Вангел Николоски”, вели заинтересираниот бизнисмен Блажески. Тој повеќе од дваесет години работи во САД, има градежна фирма со стотина вработени. Зад понудата за купување на управувачкиот пакет стојат и Светозар Шаврески од с.Мислешево и Роберт Блажески од с.Требеништа, македонски бизнисмени во САД. Тие во понудата што ја доставиле до Управниот одбор на Инекс наведуваат дека ќе ги задржат сите вработени на работа, ќе инвестираат во објектите и ќе се залагаат за подобри плати и за вработување на членови на семејствата на вработените. 

Еден од вработените во “Инекс” вели дека сака да ги продаде акциите за да им се застане на крај на самоволието на актуелното раководство, кое, колку за илустрација, го продало инексовиот хотел “Македонија” во Цавтат, без да се отчита пред вработените, за износ меѓу 3 и 3,9 милиони марки. Во адвокатската кацеларија Станкоски, застапник на инвеститорите, како заинтересирани за продавање на акциите се јавиле безмалку сите акционери, а по притисоците на директорот и неговата објава дека нашол понуда за откупување на пакет од 25 отсто по цена од 38 евра, дел се премислиле. Адвокатот Станковски вчера изјави дека потпишал полномошна за продажба на акциите со 75 акционери, што е над 51 отсто од акционерскиот капитал. Бизнисмените деновиве во Скопје разговарале за акционерскиот пакет што во “Инекс” го поседуваат Агенцијата за приватизација и Фондот за пензиско осигурување од околу 27 проценти, но тие не биле понудени на продажба. 

Капиталот на друштвото е 9,5 милиони марки. а сопственици на 72,34 проценти од капиталот на друштвото се сегашните и поранешните вработени или вкупно 151 акционери. Друштвото ги поседува двата охридски хотели-“Горица” и “Парк”, автокампот “Градиште”, ресторан, сервис и друг имот, располага со околу 2.000 сместувачки единици и редовно исплатува плати и придонеси. Пред неколку дена, јавно проговори и претседателот на УО на Инекс-Горица Вангел Николоски, појаснувајќи дека подготовките за новата сезона, реновирањето на хотелот “Парк” и обновата на контактите со туроператорите би можеле да паднат во вода поради обидот за сопственички упад во друштвото. Николоски вели дека намера на друштвото била да се обезбеди сигурна иднина преку откупување на управувачкиот пакет акции од некоја солидна фирма. Исплашени дека може да успее како што го нарекуваат, инсајдерското преземање на “Инекс”, зашто по приватните телевизии во Охрид се вртела понудата за откуп, УО ги предупредил акционерите да не ги даваат своите акции по толку ниска и нереална цена и да не продаваат поединечно. 

inex-hotel-gorica1303989065

Еве што пишува новинарот Веле Митановски за сето ова:

Често и со жестокост сум пишувал за заграбувањето и узурпацијата на атрактивните простори во Охрид. Уште како млад новинар-дописник на “Вечер”, за лажното скулпторско “атеље” на академик Томе Серафимоски, подоцна продадено како куќа на богат скопјанец. Сe до последниот случај, токму овие денови, со продажбата на исто така атрактивно земјиште, во старото градско јадро – под Плаошник, на друг богат скопјанец. Останале забележани стории за приватизацијата на хотелите “Инекс-Горица” и “Парк”, на “Палас” и “Десарет”, и други. Еден од хотелите дури е и разрушен до темел, за на негово место да се изградат станови за пазар! (Ова се однесува на хотелот Парк кој го срушија токму Сиљан и Бошко и изградија луксузни апартмани за холангани по цена од 3000 евра за квадрат). Сум напишал дека сето тоа се случува под прозорецот на шефот на државата, малку потака и на премиерот. Скандалот со хотелот “Парк”, е особено болен. Со пари земени од бугарскиот бизнисмен-мафијаш Илија Павлов (меѓу два и три милиони тогашни марки), кому му е даден хотелот “Македонија” во Цавтат, се исплатени работниците, се приватизирани двата хотела во Охрид! Со други зборови, исплатени се, земен им е целиот имот, со продажбата на само мал дел, исто така, нивни имот!!! Сум заработил многу навреди, закани, непријатности…

Сум напишал многу, па, сепак, не сум напишал истражувачка сторија, како колегите од хрватски “Јутарњи лист”. Ја прочитав со внимание, си ја препорачувам себе си, на сите колеги. Посебно на оние што празноглаво ги подржуваат нашите лажни големини, нашите недоквакани политичари. Зошто, ним посебно. Затоа што во текстот ќе прочитате, како сопругата на Бил Клинтон, Хилари, на сопругата на Илија Павлов – Дарина, го врати чекот од илјада долари за нејзината сенаторска кампања, откако дознала дека добила пари од организиран криминал. Е, тоа е државништво.

Нашите “лидери”, шефови и “први дами”, наместо да дадат сигнал за истрага, ова лето, учествуваа во рекламна кампања на сегашните газди на хотелите во Охрид, креваа некакво “Бело знаме”! Каква, ли, симболика!? Но, ќе блесне еден убав ден, кога хрватските истражни органи ќе ја отворат истрагата, која неминовно ќе се прошири и на македонските, посебно охридски простори. За тие што немаат време многу да читаат издвоив само еден дел од сторијата на хрватските колеги. Тука се споменува само едно “славно” име од македонската криминална приватизација, но тој не е единствениот. Оваа криминална операција е креирана и во главите на мои сограѓани – охриѓани. Како што кажа мајката на Тамара, сите ќе ги стигне божјиот закон и казна, да се надеваме и овоземскиот! 

Hotel Inex Gorica at Lake Ohrid
Hotel Inex Gorica at Lake Ohrid

Хрватскиот адвокат Денис Орлиќ, сведочи како застапувал Македонци и Бугари, кои го купувале охридскиот хотел “Македонија” во Цавтат:

– Таа 2003 година, тогаш осмиот по ред најбогат човек во Европа, Илија Павлов кој беше сопственик на хотелите “Либертас” во Дубровник и “Македонија” во Цавтат, убиен е во Софија. Тогашниот директор на “Инекс – Горица”, Зоран Трпески изјави за хрватските весници дека настанот од Софија нема да им посмета на вложувањата на Бугаринот во Хрватска и во хотелот “Македонија”. Меѓутоа, хотелот преминува од рака во рака, денеска е ругло наспроти Дубрoвник, под елитниот хотел “Кроација”. Објектите на туристичкиот и хотелски гигант “Инекс -Горица”, завршија во приватни раце. 

Приватизацијата на “Инекс-Горица”, посебно судбината на хотелот “Парк”, симболот на македонско-холандското пријателство и странскиот туризам во Охрид и Македонија, ми беа постојана преокупација.

hqdefault

Своевремено до приватизацијата на АД Инекс Горица Охрид  во состав на Акционерското друштво се наоѓаше и тогаш елитниот Хотел во Цавтат Р.Хрватска Македонија. ака беше се до 2001 година , но покасно на мистериозен начин истиот беше продаден , а целокупната продажба и ден денешен е покриена со велото на мистеријата, но редоследно.

АД Инекс Горица Охрид своевремено било составен дел на Југословенскиот Инекс Хотели , покасно овој субјект се поделува на повеќе правни засебни субјекти, субјекти кој пред себе го задржуваат називот Инекс . Овие Хотели , т.е. раководствата на овие хотели биле во тесна врска со тогашната Државна безбедност , а секој хотел имал посебно стратешко значење . Таков е и случајот со Хотелот на АД Инекс Горица Охрид во Цавтат Р.Хрватска под име „МАКЕДОНИЈА„. Покрај Хотелскиот комплекс , во состав на Хотел „Македонија„ биле и еден деловен простор во стариот дел на Цавтат како и земјиште – лозја со површина од 3 хектари.

Веднаш до Хотелот се наоѓала и тогашната Вила на собранието на Р.Македонија која покасно со договор помеѓу владите на Р.М. и Р. Хрватска е разменета. Во воените дејствија кои ја зафатија Р.Хрватска настрада и дел од Хотелскиот комплекс Македонија, во него беа сместени избеглици, нешто за што знаело и раководството на АД Инекс Горица Охрид , кое веднаш дошло на идеја да го продаде истиот.INEX-Ohrid-EltaInzenering-1

(Олгица Илоска, сопругата на Бошко Илоски, сега директорка на хотелот Инекс Горица)

Според законските легислативи кои владееле во Р.Хрватска продажбата тешко би можела да се оствари набрзина како што и сакало тогашното раководтсво на АД Инекс Горица Охрид , па така се отпочнале секојдневни патувања – авионски на дел од директорскиот тим (двајца директори) од кој еден поседувал и Хрватска патна исправа , т.е. бил, а и ден денес е и Хрватски државјанин. За таа цел во Загреб се оснива и фантом фирма под име Инекс Адрија ДОО Загреб, со мешовит Хрватско – Македонски капитал, капитал и тоа од двајцата директори на АД Инекс Горица Охрид, од кои едниот бил генерален директор на друштвото, а другиот член на УО на АД Инекс Горица Охрид, а воедно и Хрватски државјанин.

 

IMG_4538_odi

Веќе почна последната фаза од уривањето на „Парк“, можеби најстариот сместувачки капацитет на охридската ривиера

ОХРИД – На местото на стариот „Парк“ во Охрид за две години треба да никне нов хотелски објект, кој во основа и во висина ќе биде далеку поголем од постојниот. Станува збор за луксузен апартмански комплекс на седум ката, со околу 200 апартмани. Целата инвестиција се проценува на повеќе од 20 милиони евра, од кои околу милион ќе влезат во општинската каса како комуналии. Инвеститор и изведувач на објектот ќе биде „Ремис“ од Охрид, градежна фирма, сопственик на комплексот „Инекс Горица“.

DSCI0014 slajd 3x2

(Комплексот луксузни апартмани Парк, 300 на број, со цена од 3000 евра од квадрат, сите продадеин на Холанѓани)

Веќе почна последната фаза од уривањето на „Парк“, можеби најстариот сместувачки капацитет на охридската ривиера. Иако специјализираната компанија ангажирана за минирањето употребила 108 килограми експлозив, тоа не беше доволно за целосно уривање на објектот што ќе продолжи и во наредните денови.

Хотелот „Парк“, најомилениот сместувачки капацитет на Холанѓаните во 70-тите и во 80-тите години од минатиот век, изграден е пред Втората светска војна, а бил користен како касарна на бугарската војска. Потоа бил даден на стопанисување на поранешната хотелска фирма „Инекс Горица“, а во текот на приватизацијата го купи ГП „Ремис“. Новите сопственици на „Парк“ три пати досега се обидуваа да го продадат на меѓународен тендер, но не успеаја, па затоа сега тие ќе го градат. Не се знае дали поради големината и ексклузивниот простор што се наоѓа на стотина метри од државната вила „Билјана“ на „Ремис“ ќе им се приклучат и други партнери.

Еве ја и приказната за Бошко Илоски, дел од дуото фантастико со Сиљан Мицевски:

Вообичаено се вели дека е најтешко да се заработи и да се „испере“ првиот милион долари, а потоа се’ оди лесно. Многу наши Македонци можат со својот пример да ја посведочат оваа максима. Ги има, пак, и такви, што навистина го „отсонуваа американскиот сон“. Од продавачи на весници – до мултимилионери. Еден од нив е и охриѓанецот Бошко Илоски, велат – на прво место според парите и капиталот во овој град. Илоски навистина е случај достоен за филмските ленти. Роден е во сиромашното планинско село Црвена Вода, на дваесетина километри од Охрид, во многудетно и многу сиромашно семејство од 9 деца. Уште од млад почнал самиот да си го заработува лебот. Еден од соселаните му ја дал првата хартиена торба со која почнал да продава весници на охридските плажи. Животот потоа го носи во Германија. Преку лето доаѓал во Охрид, организирал забави навечер, на заљубените им продавал цвеќе во охридските ресторани… Потоа се случи ТАТ кога на судскиот процес во Охрид, поранешниот градоначалник на Битола, Силјан Мицевски, докажа дека милион марки му биле позајмени токму од гастарбајтерот од Германија – Бошко Илоски. Заедно со популарниот битолчанец, Силјан Мицевски-Циле, ја подигна и градежната фирма „Пелистер“, преку која подоцна ја започнаа градежната експанзија во Охрид. Следуваше новиот бизнис-потфат. 

44

(Сиљан Мицевски)

Продавачот на весници ги купи двата хотела топтан, „Парк“ и „Горица“, заедно со големата Свадбарска сала, но и со земјиштето. Илоски има свој хотел во Цавтат што важи за едно од најубавите места на Јадранот. До „Инекс-Горица“ во Охрид имаше свој хотел – „Македонија“, веднаш до „Црвената вила“. На местото на хотелот „Парк“ Илоски, како сопственик на една од своите фирми, инвестира, а како сопственик на друга – гради станови за пазар. Официјално – туристички резиденции и апартмани во екстра елитната зона. Буквално под резиденциите на шефот на државата. Се зборува дека квадратен метар чини 3.000 евра. Во секој случај, на една поранешна хотелска зона од прва категорија, каде беше сместен еден од синонимите на охридското и македонско хотелиерство, се гради огромен објект, додека, пак, информациите до кои допираме велат дека до него ќе никнат барем уште два такви.