ЕКСКЛУЗИВНО ХОРОР ФОТО: ДПМНЕ вети дека ќе направи туристичка атракција од одмаралиштето „Ѓуриште“, а истото прерасна во ШТАЛА – Наместо деца, крави се шетаат низ ходниците!

0
1387

Во редакцијата ни пристигна фотографија направена во детското одмаралиште Ѓуриште, во близина на Свети Николе, на која може да се види како објектот е тотално распаднат и низ ходниците се шетаат крави.

Станува збор за детско одмаралиште за кое од Владата на ДПМНЕ во неколку наврати, во 2014 и 2015 година, највуваа дека ќе биде продадено на некој инвеститор. Но наместо во атрактивна туристичка локација одмаралиштето прерасна во штала.

крава ѓуриште

Откако во 2014 година не успеа огласот за продажба на детски одмаралишта, во октомври минатата година од Владата по втор пат, најавија дека одморалишта Малешево во Берово, Суви Лаки во Струмица, Ѓуриште во Свети Николе, Николиќ во Дојран и Пелистер во Битола одат на продажба.

“Станува збор за препознатливи туристички објекти од минатото кои со својата местоположба и опкружување сметаме дека се дополнителни инвестиции и вложувања во  нив  би можеле повторно да прераснат во препознатливи турисички угостителски капацитети  во овие пет региони, рече на 6 октомври 2015 година Александар  Ѓорѓиев– Портпарол на Влада.