Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, се пријавува секој Понеделник редовно во судот за случајот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство.
Битолскиот градоначалник е првоосомничен во случајот „Транспортер“, а освен него за злоупотреби со превозот на ученици во Битола осомничени се уште 21 лице. Специјалното јавно обвинителство од судот бара на Талески да му биде одредена мерка притвор.