ЕКСКЛУЗИВНО: Полицијата вечерва ги уапси Дамовски и Јовановски во нивните домови и ги однесе во Шутка, откако се уважи жалбата на ОЈО за мерката домашен притвор, добија притвор во Шутка!

0
2131

Според неофицијални информации, судот ги уважил жалбите на обвинителството и на лицата кои добија домашен притвор, истиот им го заменува со притвор во Шутка.

Дел шестемина кои добија домашен притвор веќе се уапсени и полицијата ги спровела во истражниот затвор во Шутка а истото ќе се случи и со другите.

Тие вечерва биле извадени од нивните домови со лисици на рацете од страна на полицијата.

Куќен притвор им беше определен на Борис Дамовски, Владо Јовановски и на уште четири други лица – С.М., Г.Ѓ., М.П., Е.Д.Б.