Thursday, December 5, 2024
4.8 C
Skopje

ЕКСКЛУЗИВНО : Мартин Протуѓер и формално главен и одговорен уредник на македонските ТВ канали

Минатиот месец во сенка на т.н. големи политички теми незабележано во теледиригираниот парламент поминаа измените на законот за аудио и аудиовизуелни услуги кој на власта ќе и овозможат тотална контрола врз телевизиите кои имаат национална лиценца за емитување на програма.

martin-protuger

 

Имено, со законските измени изгласани во парламентот се оформи комисија  т.е.  тело кое ќе распределува буџетски средства за производство на играна и документарна програма.  Телевизите со национална фрекфвенција обврзани се годишно да произведат 10 часови играна  и 20 часа документарна програма . Но она што тука е најинтерсно е составот на комисијата.Во неа, според законските измени,свој член (ќе) имаат.-Агенцијата за аудио визуелни и медиумски услуги, Министерсвото за култура, Министерството за информатичко општество, Агенцијата за филм, но и министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Канцераларијата на владата!

Мандатот на членовите на комисијата е две години. Така стручњаци од УЈП, Министерството за финансии и од канцеларијата на Груевски ќе го оценуваат квалитетот на понудената играна и документарна програма и врз основа на тоа ќе им распределуваат народни пари на телевизиите!.  .  Не, треба да се има многу имагинација за да се предивиди кои и какви програми ќе бидат финансирани…или пак можеби како финансиски  експерти членовите на комисијата УЈП и финансии ќе финансираат програми поврзани со Wall Street, перење на пари на егзотични острови…

И сега следува т.н. квака 21. Телевизиите кои емитуваат национална програма обврзани се да депонираат 100.000 евра на годишно ниво за лиценца, како и да произведат 10 часа играна и 20  часа документарна програма. Доколку пак не ја исполнат предвидената квота им се следува казна од 100.000 евра што значи практично одземање на лиценцата. Од ова произлегува дека оние телевизи што нема да  произведуваат програма по желба на власта покрај 100.000 за лиценца ќе треба да потрошат уште најмалку  200-300.000 евра за призводство на играна и документарна програма…што автомтски ги става во подредена позиција во однос на телевизиите кои ќе произведуваат програма по вкусот и во режија на власта. Па, така егзистирањето на независна телевизија станува практично невозможно, освен доколку нема(те) намера свесно да фрлите во бунар десетици милиони евра .

Инаку, законските измени се донесени по жестоките критика упатени  од  страна на Викторија Нуланд, канцеларката Ангела Меркел и т.н. честитка на државниот секретар Џон Кери во кои акцентот беше ставен на катастрофалната сосотојба во медиумите, борбата против корупцијата и (не)зависното судство. По сите нив следуваше реакција на Груевски во која тој изјавуваше дека посветено ќе работи за подобрување на состојбата во медиумската свера, вистинска борба против корупцијата и ослободување на судството од притисоците на извршната власт…

gruevskiiii pre

 

Како резултат на таа посветеност ги добивме овие законски измени со кои се овозможува тотална контрола врз телевизиите. Во својот отчет 100 дена Влада, Груевски повторно стави акцент на реформите во медиумската сфера, борбата против корупција и независното судство, резултатите на неговата посветеност можеме наскоро да ги очекуваме , но , со оглед на досегашното искуство најдобро ќе биде малку да олабави..со посветеноста се разбира.

ОВАА НЕДЕЛА

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

БРИТАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ВЕТЕРАНИ : НАШАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ УНИШТЕНА ЗА САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ ВОЈУВАЊЕ

Министерот за ветерани во британското Министерство за одбрана, Алистер...

ОВА Е НАЈМОЌНИОТ ТЕЛЕФОН НА XIAOMI

Xiaomi се подготвува официјално да го претстави новиот модел...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ