ЕКСКЛУЗИВНО: МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ПОСТИГНА ДОГОВОР СО РАЛФ РАГНИК КОЈ ВО НАРЕДНИТЕ МЕСЕЦИ ДО МАЈ ЌЕ ГО ВОДИ ТИМОТ ОД ОЛД ТРАФОРД

0
950

Според спортскиот британски сајт Атлетик во сторија на Дејвид Орнстејн и Лорел Витвејл тимот од од Олд Трафорд, Манчестер Јунајтед добива нов менаџер со договор до мај, 2020-та година со можност за учество во донесување на одлуки за наредни две години во клубот.

63 годишниот Ралф Рагник важи за татко и професор на модерниоот и фудбал во Германија, тој позади себе ја остава работата на спортски директор и развој на Локомотив од Москва за да ја преземе менаџерската палка на тимот од Олд Трафорд, Манчестер Јунајтед по отказот на норвежанецот Оле Ѓунар Солскјаер.

Според Атлетик договорот помеѓу Рагник и Локомотив од Москва не е воопшто проблем да го ослободат од неговите ангажмани со што ќе се поништи и неговиот договор со клубот и тоа дека гигантот од Манчестер не претставува никаков проблем.

Ралф Рагник се согласи на шест месечен договор кој истекува до крајот на Мај каде германскиот стратег ќе добие и две години улога во консултации во хиерархијата на клубот.

Во овој момент единствена пречка е работната дозвола со што Рагник ќе го пропушти менаџирањето на мечот со Челзи кој црвените ѓаволи го играат во Недела во 17 и 30 часот по европско време.

Work permit reasons mean he will not be in charge in time for the weekend’s game at Chelsea.

Ралф Рагник е познат по своите фудбалски подвизи каде претходно ги менаџираше германски Хановер, Шалке, Хофенхајм и Лајпциг со кои во Бундеслигата постигна одлични резултати.

Се верува дека Рангник откако ќе ја доврши оваа сезона во Премиер Лигата, на тренерското место во Јунајтед ќе пристигне Маурисио Покетино.