ЕКСКЛУЗИВНО: Лимузината на Орце Камчев деновиве често излегува и влегува во гаражата Тодор Александров од каде со подземни тунели се влегува во седиштето на ВМРО ДПМНЕ!

0
6045

Овие неколку дена забележливо е честото влегување и излегување од катната гаража Тодор Александров на лимузината на Орце Камчев која е лесно да се примети поради карактеристичните регистрации 0001 ЈК според името Јордан Камчев.

katna-garaza-todor-aleksandrov-kaj-beko-6

Познато е дека од подземјето на катната гаража има тунели кои водат до новото партиско седиште на ВМРО ДПМНЕ каде сега се наоѓа канцеларијата на Никола Груевски откако веќе не е премиер.

AAAB3FD0-5490-4835-8DAC-168F87A4263E_mw1024_s_n

За што ли е честата посета на Орце Камчев на Груевски? Дали се во паника со најавените тужби од Катица Јанева? Дали и Орце се интересира за најавената амнестија на Хорхе и дали и него го има во списокот?

kamchev.DSC

Позната е соработката на Камчев со сите власти и премиери досега освен со Бучковски со кој беше во судир па мораше да бега надвор од Македонија во 2006-та. Со Љубчо Георгиевски и ден денеска се дружат, Саше Политико еднаш ги затече заедно во кабинетот на Љубчо кога се правеше книгата автобиографија на Љубчо пред 3 години.

Камчев можеше да се слушне во бомбите неколку пати, еднаш за комплексот Панорама на Водно кој го градат заедно со својот зет за сестра, газдата на Гема Инженеринг, потоа се споменуваше во врска со аферата со милионскиот тендер за Визарис кој го направила Ивона и се споменуваше Систина, потоа во врска со смс пораката за Ќерим и правењето на весниците Дневник, Утрински и Вест пицикато а тоа се случи со влез на Камчев во МПМ со 33 проценти акции кои ги купија од ВАЦ.

Инаку Орце и Грујо имаат ист вкус за луксуз и коли па се возат во иста кола, Мерцедес С 600 со тоа што на Грујо таа е блиндирана и чини пет пати поскапо, таа на Камчев е околу 150 000 евра додека на Грујо е околу 600 000 евра!