ЕКСКЛУЗИВНО: ДОЈДОА НА РЕД ГРУЈО И БЕТИ КАМЧЕВСКА: Тимот на Катица Јанева упаднал во сектор за урбанизам во општина Центар за плацевите на Водно и „Скопје 2014“!

0
968

По отворените случаи „Титаник“, „Тортура“ и „Тврдина“ и покренувањето на обвиненија против најблиските соработници на Груевски, Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков и Миле Јанакиески, на ред кај специјалната обвинителка Катица Јанева дојдоа и самиот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Камчевска-Милевска.

Мактел ексклузивно дознава дека вчера истражители од Специјалното јавно обвинителство биле во општина Центар, поточно во секторот за урбанизам. Нашите извори не можат да ни потврдат што истражувале инспекторите, но имајќи ја во предвид содржината од објавените „бомби“, кои индицираат на кривични дела направени со злоупотреби на локалната власт од страна на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар во времето на Владимир Тодоровиќ, најверојатно станува збор за истражување на криминал со плацевите на  Груевски на Водно или пак за реализацијата на проектот „Скопје 2014“ – во чија реализација непосредно освен општина Центар беше вклучено и Министерството за култура под раководство на  Елизабета Камчевска-Милевска .

Од десетата „бомба“ на Зоран Заев, објавена на 15 март 2015 година, можевме да слушнеме за причините зошто двата спорни ДУП-ови „Тасино Чешмиче “ и „Капиштец – Водно“ (изменети во јули 2014 година) се менувани само со цел Груевски преку блиски фирми и оф-шор компании од Белизе и Лугано, да купи имот вреден 5 милиони евра. „Менувањето на двата ДУП-а се случувало само за да се „адоволат мегаломанските афинитети на Груевски и за тој да може да си купи плац на Водно, прво од 2.700 квадратни метри, а потоа уште од 11.000 квадратни метри“, рече Заев при пезентирањето на „бомбата“.

Најголемиот дел од разговорите се водат меѓу екс-премиерот Никола Груевски и екс министерот за транспорт Миле Јанакиески. Од разгворите може да се добие впечаток дека Груевски зборува во шифри, не оддава детални локации, но сепак очигледно е дека се зборува за купување парцели.