ЕКСКЛУЗИВНО : Дигнат во воздух џипот на газдата на сендвичарите ,,ВИЛИ” и брат на Мелита Ракичевиќ

0
5436

Две возила – џип „Гранд чероки“ и автомобил „Фиат уно“ ноќеска се опожарени на паркинг во скопската населба Ново Лисиче. Во инцидентот нема повредени.

Како што информираат од МВР, двете возила биле опожарени триесетина минути по полноќ, на паркинг на булеварот „Видое Смилевски Бато“. Возилата се со скопски регистарски ознаки. Џипот „Гранд чероки“ е во сопственост на Г.Д. (1978), а сопстеник на „автомобилот „Фиат уно“ е А.М. (1983).

Полицијата врши увид за причините за опожарувањето, како и за начинот на кој е извршено.

Според сведоци, како што објавија некои портали, сопственикот на џипот, кој е газда на сендвичарите Вили, се сомнева на лица што веќе подолго време му се заканувале и барале рекет од него, тој е брат на познатата водителка Мелита Ракичевиќ. Пред извесен период газдата на Вили беше 3 години во затвор поради изнуда и уценување.

14915043_10207756415049152_138110647_n 14962818_10207756414769145_1305548533_n 14886218_10207756414969150_611381528_n 14963034_10207756415009151_1946524320_n 14962413_10207756415089153_1519429747_n 14962413_10207756415089153_1519429747_n-1