ЕКСКЛУЗИВНО : Дали со помошта за земјоделците власта му „плаќа“ на Сачевалиев за местењето на Заев?

0
623

Порталот „Репортер“ пишува дека Владата на премиерот Груевски со потегот да им се помогне на струмичките земјоделци, кои мака мачат со овогодинешниот ефтин род на доматот, всушност крие нешто друго.

strum zem

Дали таа сака да го врати политичкиот долг кон Иво Николовски – Сачевалиев, кој во моментов е вмешан во аферата „Поткуп“? Тој го товари лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев за барање мито од 200.000 евра? Со рестартирањето на конзервната фабрика, која некогаш работеше во склоп на ЗИК „Струмица“, впрочем се помага сопственикот Иво Николовски, попознат како Сачевалиев.

Ова информација отвора многу прашања и дилеми. Зошто токму сега се рестартира конзервната фабрика на Иво? Иво Николовски (Сачевалиев) во 2003 година ја купи фабриката, која досега воопшто не работеше“, пишува Репортер.

Дали „итната помош на Владата„ за Сачевалиев, е награда за случајот „Поткуп“? Владата, ако навистина сакаше да им помогне на земјоделците, тогаш таа тоа ќе го стореше многу порано, тврди порталот.

Целиот текст може да го прочитате ОВДЕ