Во Вмро Дпмне се крчка нов шпиунски проект со удбашки методи.
Доказ.мк дознава дека, секој активист на ВМРО-ДПМНЕ од општинскиот комитет ќе добие по едно име и презиме на активист на СДСМ кој ќе треба да му биде предмет на обработка.
Така, најпрвин, без да опримети активистот на СДСМ, вмровецот ќе треба да се запознае подобро со него, да се однесува културно и фино, па да му стане близок, да почне да “црпе” партиски информации од него и на крај да му понуди некоја партиска услуга и го приближи кон Вмро Дпмне.
Сетоа ова треба да оди во повеќе фази и да трае неколку месеци, се до најавените предвремени парламентарни избори во април 2016 година.
Во меѓувреме, секој задолжен активист на ВМРО-ДПМНЕ на одреден период ќе треба да подготвува извештај за тоа како напредува , до која фаза има стигнато и истиот го проследува до Општинскиот Комитет.