ЕКСКЛУЗИВНО : ВИСТИНСКА “ОПСАДА” СЕ ВРШИ ВРЗ ЗАЕВ, РАДМИЛА И БИХАЌКА : Последните неколку недели високи функционери на ДУИ, ДПА , лихвари, бизнисмени и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ бараат прием кај Заев ЗА ДА СЕ СПАСАТ ОД ШРАПНЕЛИТЕ ОД БОМБИТЕ, Заев и СДСМ експресно ГИ ОДБИВААТ МОЛБИТЕ И СРЕДБИТЕ!

0
528

Радмила Шекеринска и лидерот на СДСМ Зоран Заев последниве неколку денови се под вистинска опсада од луѓе блиски на Груевски и Мијалков поради последните шрапнели кои ги зафатија Прилеп и Битола во општ обид да не се објавуваат нивните снимени телефонски разговори.

Зоран-Заев-бомба-во-Универзална-сала-10-03-2015-10

Дека се работи за вистинска окупација врз седиштето на СДСМ во Бихаќка говори фактот што огромен број на луѓе блиски на Мијалков побарале по којзнае кој пат прием кај заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска и претседателот Зоран Заев, прием барале луѓе вработени во институциите на државата како и од сите свери на државата како што се оџи, попови, бизнисмени од бизнис комората на Македонија, членови на обезбедување од ВМРО-ДПМНЕ,  како и ректори на познати и високо рангирани универзитети во Македонија а и луѓе од македонската естрада.

Дознаваме дека лидерството на СДСМ немале милост кон никого и ги одбивале сите молби и лелеци. Особено малтретирани со молби биле заедничките пријатели на двете страни, роднини кои биле блиски до СДСМ, се користеле сите можни механизми и техники да се измоли да бидат поштедени и спасени од она што ќе им се случи овие денови по Велигденските празници.

СДСМ веднаш по Велигденските празници планира да објави се што има, па многумина од “окупацијата” врз Заев и Бихаќка ќе бидат засрамени на јавна сцена за злосторствата кои ги правеле, сите криминали, престапи и грешки и мешетарења со цел напредок во кариера и придобивање на материјален бенефит.