Или одете си од нацистичката власт со Груевски или живи ќе ве палиме, е паролата која вечерва се шири меѓу македонските албанци. Според Тетова 1 сајт на албански јазик утре во 14 часот се спремаат големи протести пред седиштата на ДУИ во Чаир и Тетово како притисок ДУИ веднаш да излезе од владата на Груевски.
Дознаваме дека вечерва во Куманово македонската полиција уапсила тројца албанци бидејќи наводно им пронашле експлозив дома. Но, албанците сметаат дека и ова е еден од наместените случаи, за да се изнајдат виновници и онаму кај што ги нема!