Од започнувањето на снимањето на филмот во април досега имавме неколку можности да видиме како се одвива снимањето на филмот „Suicide Squad“ на Дејвид Ајер. Студиото Warner Bros. и DC Comics акцентот го ставија на Џаред Лето кој ја толкува улогата на Џокер.
Фотографката Самер Ли направи неколку фотографии од зад сцената, односно од автомобилот на Џокерот, а на две од нив можеме да видиме како Бетмен се вози на покривот од автомобилот.
Со години акцентот беше ставен на Бетмобилот, а овој пат и на автомобилот на Џокерот.
Извор : Кајгана