ЕКСКЛУЗИВНИ ФОТОГРАФИИ НА ПОРТАЛОТ ,,ИНФОМАКС” : ДО 10 ГОДИНИ ЗАТВОРСКА КАЗНА МУ СЕ ЗАКАНУВА НА БУГАРСКИОТ ПРАТЕНИК АНГЕЛ ЃОРЃИЕВ И ОСТАНАТИТЕ БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИ КОИ НАПАДНАА ПОЛИЦАЈЦИ НА ,,ДЕВЕ БАИР” – ВО МОМЕНТОВ СЕ ПРИВЕДЕНИ ВО СУДОТ ВО КРИВА ПАЛАНКА

0
3605

Бугарскиот пратеник Ангел Ѓорѓиев и уште петмина во моментов се наоѓаат во Основниот суд во Крива Паланка, каде пред судија на претходна постапка ќе се одлучува за превземање на мерки за обезбедување на бугарските државјани кои попладнево нападнаа цариник, а на двајца полициски службеници на граничниот премин „Деве Баир“ им нанесоа тешки телесни повреди.

На Бугарскиот пратеник Ангел Ѓорѓиев но и на останатите бугарски државјани им согласно Кривичниот закон во член 383 став 3 им се заканува казна затвор од една до 10 години.

„…Ако при извршувањето на делото од став 1 на службеното лице или на лицето кое помага му е нанесена тешка телесна повреда, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години…“ – стои во став 3 од член 383 од Кривичниот закон на Р.Македонија.

„Г.З (35),А.Х(50)и Р.Х(54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале, а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот“, соопшти Министерството.

Денеска над 100 автомобили и десетици тешки товарни возила се блокирани на границата меѓу Бугарија и Република Северна Македонија помеѓу граничните премини „Ѓуешево“ и „Деве Баир“.

Во автомобилите запрени на граница се и патници за прославата на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, јавија бугарските медиуми.