Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) е на терен и врши контроли со цел да утврди како се движеле цените на основните прехранбени производи во изминатите месеци. Контролите се спроведуваат кај добавувачите, производителите и маркетите.
-Апелираме до сите трговци, да се придржуваат до акцијата и да не го надоместуваат намалувањето на цените на производите од кошницата со зголемување на други прехранбени производи. Свесни сме дека за дел од производите станува збор за берзански производи и дека оттаму доаѓа и промената на цените, но сепак сметаме дека може да се најде најповолно решение и за трговците и за граѓаните. Доколку трговците и понатаму продолжат со нелогично зголемување на цените, односно не ги намалат цените на маслото, јајцата, месото и месните производи, млекото и млечните производи ќе предложиме Владата да донесе Одлука со која ќе мора да се намалат цените, се вели во соопштението.
Од ДПИ информираат граѓаните ако забележат неправилности да пријават во Државниот пазарен инспекторат на 191 или на www.dpi.gov.mk
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе има контроли за покачените цени на производите од страна на трговците, изјави:
„Ние разговаравме со сите големи супермаркети и со сите сопственици. Беа на настан во Владата, разговаравме, оставивме добра волја, еве да не биде со, би рекол, пристап којшто ќе значи ограничување на цени и така натаму. Којшто тие велеа дека е непопуларна мерка, еве сакавме да слушнеме од нив, на добра волја да се поразговара и да се донесе решение заедничко, коишто ќе биде прифатено и тоа се случи.