Едисон сака да стави крај на „проклетството“: Кавани го избра дресот кој носи малер во последно време

0
109

Манчестер Јунајтед пред полноќ на истекот од трансфер пазарот го потврди ангажманот на Единсон Кавани, а оваа вечер излезе со официјална информација дека Уругваецот го избрал и бројот на дресот кој ќе го носи во првиот тим.

Кавани се очекува да биде пример за сите млади напаѓачи кои ги поседува Оле Гунар Солскјер во првиот тим, па како таков, сега се одлучи за навистина храбар потег, бирајќи го бројот кој во последно време е навистина малерозен.

Дресот со број „7“ има огромно значење во историјата на Јунајтед и има посебна тежина со оглед на тоа што го носеа легенди како Кантона, Бекам и Роналдо, но исто така мора да се признае дека во поновата историја, ниту еден играч не одговори на притисокот.

Кавани очигледно верува дека ќе стави крај на „проклетството“, а уште поинтересно е тоа што од последните тројца, двајца неуспешни носители на „седмицата“ беа Јужноамериканци.

Анхел Ди Марија и Алексис Санчез „изгореа“ во предизвикот да одговорат на нивото кое го бара оваа бројка, а меѓу нив, овој број го носеше и Мемфис Депак кој сега настапува во Лион.