Friday, December 13, 2024
-0.2 C
Skopje

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА СО БАРАЊЕ ДО ВЛАДАТА: Да се повлече барањето за влез во ЕУ, тоа е фашистичка организација, наместо тоа да аплицираме за влез во ЕВРО-АЗИСКАТА унија со Русија и Белорусија!

До Средствата за јавно информирање

Единствена Македонија, денес (29.01.2018, понеделник) во Владата поднесе Иницијатива за донесување на Одлука за повлекување на Барањето за членство на Република Македонија во Европската Унија што го поднесе Владата на 22 марти 2004.

Единствена МакедонијаДа се повлече барањето за членство во ЕУ, Македонците не сакаат во оваа унија

Во изјава за медиумите претседателот на НДМ д-р Јанко Бачев рече – “Како што е познато, на последната седница на Централниот комитет на партијата од 21 јануари, покрај целосното ребрендирање на партијата донесовме и одлуки што значат радикален пресврт во македонската политика, односно, повлекување на актите за членство на Македонија во НАТО и ЕУ.

Пред шест дена во Собранието поднесовме Одлука за повлекување на Одлуката за членство во НАТО што ја донесе Собранието на 23 декември 1993. Денеска во Владата иницираме повлекување на Барањето за членство на Македонија во ЕУ што македонската влада го поднесе до Советот на Европската Унија на 22 март 2004 во Даблин, Република Ирска. Ова е во согласност со желбите на македонскиот народ и еден дел од малцинствата во земјата кои не сакаат членство во ЕУ и не ја гледаат својата иднина во ЕУ.

Особено сакам да потенцирам дека се лажни анкетите што наменски се сервираат во јавноста дека народот сака во ЕУ. Напротив, членството на Македонија во ЕУ во изминатите 27 години го посакуваат само политичките елити во државата, кои, во стилот на некогашната Римска империја, откако претходно ќе бидат длабоко корумпирани и купени од европските бирократи, стануваат нивни заложници и под нивна контрола за остварување на нивните погубни политики спрема Македонија и Македонците.

Затоа, не случајно во историјата на самостојна Македонија, македонските државни раководители по напуштањето на власта заминуваат со енормно големи богатства со знаење на странските ментори, иако не постои човек во земјата на кого не му е позната висината на платите на  државните функционери. Затоа, на Македонија не и треба членство во НАТО и ЕУ, туку членство во Евроазиската економска унија и стратешко партнерство со Русија. Очекуваме владата да биде на висината на задачата, да ги следи намерите на својот народ и да ја прифати оваа наша иницијатива„ – истакна Бачев.

Заменик претседателот на Единствена Македонија Стефан Влахов Мицов, рече:

-Целта на ЕУ е да ја уништи нашата економија, прво, преку наметнување на неквалитетни производи од западот, второ, преку сопки и квоти за македонските производи, трето, преку странски фирми кои доаѓата и го заробуваат народот во Македонија со плати од 100 евра, и четврто, сето тоа е притисок врз македонскиот народ и младите да емигрираат од државата. Како што НАТО е воен блок на САД, така и  ЕУ е продолжена рака на САД, тие се фашистички институции и одат заедно. Кој е за САД, НАТО и ЕУ тој е против македонскиот народ и држава“ – истакна Влахов Мицов.

Дел. Број 016/2018                                         Центар за комуникации на Единствена Македонија
29 јануари 2018
Скопје

Владата на Република Македонија на седницата одржана на ____________ 2018 година, донесе.

ОДЛУКА

ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА СТАПУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ЧЛЕНСТВО ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Член 1

Владата на Република Македонија, на 22 март 2004 година, во Даблин, Република Ирска, поднесе барање за членство на Република Македонија во Европската унија.

Член 2

Владата на Република Македонија одлучи да го повлече Барањето за членство на Република Македонија во Европската Унија.

Член 3

Барањето за членство на Република Македонија во Европската унија, да го повлече претседателот на владата на Република Македонија.

Член 4

Оваа одлука да се достави до Собранието на Република Македонија, претседателот на Република Македонија, Советот на Европската унија, Европската комисија, како и до владите на земјите членки на Европската унија и новите земји пристапнички.

Член 5

Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

 

 

Број__________                                                                                                   Претседател
______________ година                                                                                 на Владата на Република
Скопје                                                                                                                 Македонија

О б р а з л о ж е н и е

Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 13 февруари 2004 година донесе Декларација за поднесување на барање за членство на Република Македонија во Европската Унија со која и препорачува на Владата на Република Македонија да поднесе барање за членство на Република Македонија во Европската Унија.

Владата на Република Македонија, на 22 март 2004 година, во Даблин, Република Ирска, поднесе барање за членство во Европската унија со што го истакна членството во ЕУ како еден од нејзините стратешки интереси.

Меѓутоа, огромен дел од македонскиот народ и еден дел од малцинствата во Македонија се противат на членството во Европската унија и не ја гледаат својата иднина во ЕУ.

Односно, членството на Република Македонија во Европската унија го посакуваат само политичките елити во државата, кои, во стилот на некогашната Римска империја, откако претходно ќе бидат длабоко корумпирани и купени од европските бирократи, стануваат нивни заложници и под нивна контрола за остварување на нивните погубни политики за Македонија и Македонците.

Затоа, не случајно во историјата на самостојна Македонија, македонските државни раководители по напуштањето на власта заминуваат со енормно големи богатства со знаење на странските ментори, иако не постои човек во земјата на кого не му е позната висината на платите на  државните функционери.

Дури, во изминатиот период ЕУ екпериментираше со Македонија со цел да се откаже од своето име во замена за неизвесен факт и обично ветување од ЕУ за датум за отпочнување на преговори за идно неизвесно членство во ЕУ со што длабоко се навредуваше македонскиот народ, а државата беше посрамена, поразена и понижена на меѓународната сцена.

Дотолку повеќе, Европската унија и НАТО се стратешки партнери и не случајно речиси сите членки на НАТО се членки и на ЕУ, бидејќи НАТО е Четвртиот фашистички рајх предводен од САД, а ЕУ е негов економски инструмент за уништување на европските народи и држави. Затоа државите од Источна Европа и Балканот првин стапуваат во членство во НАТО а потоа и во ЕУ.

Затоа, Единствена Македонија бара Владата на Република Македонија да го повлече Барањето за членство во ЕУ со кое ќе ја изрази својата намера дека македонскиот народ и еден дел од малцинствата не сакаат членство во ЕУ.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ