Денеска Единствена Македонија повторно ги поднесе амандманите на Изборниот законик поднесени во Собранието на 22 јули 2010 година под број 07-3264/1 со кој се предвидува една изборна единица и забрана за предизборно коалицирање, но истите останаа закочени во собраниските фиоки до денешно време.
Во изјава за медиумите организацискиот секретар на Единствена Македонија, Томислав Јовановски истакна:
Почитувани,
Деновиве слушаме изјави од лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски и Венко Филипче, со кои искажуваат спремност за промена на изборниот модел во една изборна единица.
Една изборна единица е стара определба на Единствена Македонија. Како прва политичка партија јавно ја истакнавме оваа определба уште во 2010 година. За таа цел, на 22 јули 2010 година во Собранието поднесовме амандмани за измена на Изборниот закониик и воведување на една изборна единица.
За жал, нашата иницијатива до денешно време остана закочена во собраниските фиоки.
Како и да е, радува фактот што сега се отвора пат за измена на Изборниот законик и ние во Единствена Македонија ја поздравуваме оваа најава.
Потенцираме дека не е потребна никаква активност за изготвување на законски измени бидејќи со нашата иницијатива од 2010 доставено е во Собранието готов текст со соодветно образложение на амандманите.
Во собранието доставивме 5 амандмани од кои очекуваме барем два да бидат прифатени, а кои се однесуваат на промена изборниот модел во една изборна единица и забрана за предизборно коалицирање.
Со една изборна единица се овозможува еднакво вреднување на секој глас, со што се овозможува најоптимално совпаѓање на процентот на освоени гласови со добиените пратенички мандати.
Со забрана на предизборно коалицирање се става крај на т.н. човек партии-крлежи кои пред секои избори шетаат од една во друга коалиција само нивните претседатели да добијат функционерски места. Сметаме дека правилно е постизборно коалицирање откако на изборите ќе се види изборната тежина на секоја партија со самостоен настап на изборите.
Очекуваме пратениците да бидат на висината на задачата и да покажат доволен демократски капацитет и ги прифатат нашите амандмани кои се долго очекување на избирачите во Република Македонија.
Ви благодарам,