Единствена Македонија: Во случајот Рекет да се испита и потеклото на парите на рекетираните бизнисмени

0
461

Во јавноста се повеќе се појавуваат информации дека во случајот „Рекет„ освен Јордан Камчев се повеќе и други бизнисмени  пријавувале во обвинителството случаи во кои биле рекетирани од притворените Бојан Јовановски и Зоран Милевски. Дури, излегуваат и конкретни суми на рекет кои ги давале македонските бизнисмени а кои се движатт од неколку стотици илјади до милиони евра.

Единствена Македонија дава целосна подршка на обвинителството за акцијата „Рекет„ но, одговор мора да има прво, за потеклото на милиони евра кои биле давани како рекет, дотолку повеќе, во Македонија во најголем дел богатството се прави од позиција на власт и блискост со луѓето од власта, и второ, истрагата да ги опфати и инспираторите и организаторите, а не да се сведе само на извршителите, оти е јасно дека на рекетарите Бојан Јовановски и Зоран Милески не би им дале еден денар рекет а не милиони евра доколку немале подршка од високи структури во државата.

Македонскиот народ и поголем дел од државјаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж оти ветуваме вистинска а не селективна борба против криминалците.

                                                                                                                                       Со почит,
Центар за комуникации на Единствена Македонија