Tuesday, April 22, 2025
28.8 C
Skopje

ЕДИНАЕСЕТ ПРЕВОЗНИЦИ, МЕЃУ КОИ И ДУРМО ТУРС РАБОТЕЛЕ СО НЕПРАВИЛНОСТИ, ИНСПЕКТОРИТЕ ЗА ПАТЕН СООБРАЌАЈ СО ЗАСИЛЕНА КОНТРОЛА

Државниот инспекторат за транспорт извршил 138 контроли за вршење превоз на патници и стоки кои во претходните три дена при што неправилности се утврдени кај 21 правно и физичко лице и им се изречени соодветни казни.

Од Министерството за транспорт информираат дека инспекциските надзори биле спроведени согласно нивниот Акциски план и дека за утврдените неправилности ќе бидат информирани Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, со цел нивно натамошно постапување. Инспекторатот ги соопшти 11-те правни лица за кои е констатирана неправилност и за кои се изречени казни: Дурмо турс од Гостивар; Дени интернационал од Илинден; Свис мак алигега од Гостивар; Зем промет – компани од Сарај; Словин Билјана од Охрид; Бис од Охрид; Пештер ДОО од Чаир, Димитриоски од Гази Баба; Хисари-ГД од Дебар; Инком бизнис од Куманово и Палас експорт-импорт од Гостивар.

Покрај овие 11 правни лица, биле констатирани и неправилности кај 10 физички лица кои вршат дејности за превоз на патници и стока. Државниот инспекторат за транспорт најави дека од утре инспектори ќе спроведуваат секојдневни интензивни инспекциски контроли над превоз на патници и стока, проверка на документи (лиценци, изводи од лиценци, дозволи, сертификати за професионална компетентност на возач, тахографи), надзор на безбедноста во сообраќајот и спречување нелегален превоз.

ОВАА НЕДЕЛА

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА: ПАПАТА ФРАНЦИСК ЌЕ ГО ПАМЕТАМ ПО ИСКЛУЧИТЕЛНИОТ УМ, МУДРОСТ, ТОПЛИНА И ЕДНОСТАВНОСТ

Претседателката Гордан Сиљановска Давкова, изрази сочувство за смртта на...

ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО ВОЛКОВО ДЕВЕТ МЕСЕЦИ СТОИ РАСКОПАНА – ЖИТЕЛИТЕ БАРААТ ДА СЕ АСФАЛТИРА

Жителите на скопската населба Волково јавно ја алармираат јавноста...

НАЦИСТИЧКИ ЗНАМИЊА СО КУКАСТИ КРСТОВИ ОСАМНАА ВО ШВЕДСКА НА РОДЕНДЕНОТ НА ХИТЛЕР

Новинските агенции јавуваат дека три нацистички знамиња со кукасти...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ